Петок, 22 Септември 2023
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

10те најголеми извозници за 2022 година

Јубилејното 20то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ го збогатуваме со податоците за најголемите извозници во 2022 година.

Во табеларниот приказ подолу ги прикажуваме 10те најголеми извозници кои се истакнаа минатата година. 

Првото место и на оваа листа го завзема ЦОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, најголемата странска директна инвестиција во земјата со извоз од 150,8 милијарди денари. Со значителна разлика, втора на листата е ОКТА АД која има остварено приходи од извоз од 15,3 милијарди денари. Веднаш по неа е уште една странска директна инвестиција, Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ од Битола со извоз од 15,1 милијарда денари. 

Следат ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА со 12,8 милијарди денари, МАКСТИЛ со 10 милијарди денари и ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ од Кавадарци со 9,7 милијарди денари приход остварен од продажба во странство. 

Последните неколку позиции од овие 10 компании кои оствариле најголеми приходи од извоз ги заземаат АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ од Кочани со 9 милијарди денари. ИГМ – ТРЕЈД од Кавадарци има остварен извоз од 8,3 милијарди денари приход, а воедно е и втора најуспешна компанија на оваа листа и прва домашна компанија која влегува помеѓу најголемите извозници. 

ТЕРНА ЕНЕРЏИ ТРЕЈДИНГ ДООЕЛ се најде на претпоследното место со 7,9 милијарди и последна компанија е ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА од Илинден со 7,6 милијарди денари остварен приход од продажбите во странство. 

Целосната листа за најголемите извозници може да ја најдете во најновото издание на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.



Најголемата индустрија во Македонија низ бројки

Индустријата за производство на делови и опрема за моторни возила е најголемата и најуспешната индустрија во последните години во Македонија. Замавот го зема со напливот на странски директни инвестиции на кои бизнис климата во нашата држава им се виде поволна.

ГЕМАК Трејд - лидер на пазарот за увоз и дистрибуција

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи.

ПИВАРА СКОПЈЕ - Приказна која се прераскажува веќе 100 години

Пивара Скопје преставува лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт