Петок, 12 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

200 НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА. КОИ ДЕЈНОСТИ СЕ ЗАСТАПЕНИ ВО ТОП 10

Во продолжение ви претставуваме каков успех забележаа најуспешните компании за 2021 година, и кои индустрии се најдоа во топ 10те компании за 2021 година.

Можеме да забележиме, од овогодинешната едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, како најголемите фирми во Р.С. Македонија така и најуспешните  забележуваат пораст во нивните вкупни добивки во однос на изминатата 2020та година. Имено, вкупната добивка пред оданочување на најуспешните 200 компании за 2021 изнесува 62.337.432.082,00 денари, додека вкупната добивка пред оданочување на најуспешните компании остварена во 2020 изнесувала 54.645.511.742,00 денари

Со тоа се забележува пораст од дури 14.07% во вкупната добивка пред оданочување во рок од една година.


Во однос на тоа кои од дејностите се застапени, можеме да погледнеме дека во најуспешните 10 компании, 4 се од преработувачката индустријаЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, ИГМ-ТРЕЈД ДОО, АЛКАЛОИД АД и УСЈЕ АД, потоа 1 е од индустријата на трговија на големи и малоМАКПЕТРОЛ АД, 1 е од индустријата на рударство и вадење на каменСАСА ДООЕЛ, 1 е од индустријата на информации и комуникацииМАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД, 1 е од градежната индустријаЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, 1 од индустријата на административни и помошни услужни дејностиЕВН МАКЕДОНИЈА АД и 1 од индустријата на снабдување со електрична енергија, гас пареа и климатизацијаТЕ-ТО АД, Скопје.

Праработувачката индустрија повторно забележува најголема остварена добивка пред оданочување за 2021 година и тоа – 21.968.115.554,00 денари. Рангирана на првото место на листата се наоѓа компанијата ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје со оставрена вкупна добивка пред оданочување од 5.034.288.542,00 денари



САСА ДООЕЛ
, Македонска Каменица.

Саса — рудник за олово и цинк којшто се наоѓа на јужните падини на Осоговските планини, во непосредна близина на селото Саса. Тој е најголемиот подземен рудник во Македонија. Компанија се наоѓа на листите на најголеми и најуспешни во Македонија уште од 2006 година. 

Годинава рангирани се како 3та најуспешна компанија во Македонија за 2021 година.

Имаат оставрено вкупна добивка пред оданочување од 2.459.618.282 денари, што е за 45,37% повеќе во споредба со 2020 година кога нивната добивка пред оданочување изнесувала 1.692.028.944 денари.

Компанијата денес брои 720 вработени што воедно и преставува најголем просечен број на вработени за една година, во споредаба со изминатите 5 години.

 

Уште една компанија која што се наоѓа на листата на топ 10 најуспешни во Македонија во последните 5 години е ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, Скопје. 

Годинава ЕВН МАКЕДОНИЈА се наоѓа на 5тото место на најуспешни фирми за 2021 година.

ЕВН во изминатите години инвестираше над 452 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и корисничките услуги. ЕВН сега претставува поголемо семејство компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост во секој поглед.

ЕВН исто така имаат и најнов член на семејството, а тоа преставува ЕВН Хоме. ЕВН Хоме се грижи и ја извршуваа улогата на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај. ЕВН Хоме ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар.


На 9то место на најуспешни компании ни доаѓа една компанија од преработувачката индустрија, поточно од дејноста на прозводство на основни фармацевтски производи и фармацевстки препарати. Станува збор за АЛКАЛОИД АД, Скопје.

АЛКАЛОИД AД, Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија).

Забележуваат исти ранг на листата на најуспешни (9) како и изминатата година, но со зголемување на добивката, а исто така и на вкупните приходи.

Имено, забележуваат зголемевање на вкупната добивка пред оданочување од 11,20%, додека пак зголемувањето на вкупните приходи во однос на 2020 година изнесува 4,36%.

Зголемување забележуваме и во просечниот број на вработени во 2021 година. Тој изнесувал 1860, што е за 123 повеќе од 2020 година каде што просечниот број на вработени бил 1737, што значи дека и во услови на криза компанијата успеала да го зголеми својот број на вработени и да продолжи со успешното работење.


Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт