Четврток, 07 Декември 2023
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

40 години постоење, Пекабеско АД во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Пекабеско е една од најголемите компании во Македонија која опстојува долги години на пазарот, а главна дејност и е производство и дистрибуција на месни производи.

Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од почетокот на овој проект, ги прашавме за предизвиците со кои се соочувале низ годините, иновациите во компанијата и планираните новости за во иднина. Прочитајте го текстот во целост подолу. 


1. Пекабеско веќе 40 години успешно опстојува на пазарот, а во последните 20 години е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Која е Вашата тајна за успех и одржување на врвот меѓу најдобрите компании во Македонија?

- Ние сметаме дека домаќинскиот пристап во работењето спрема купувачите, добавувачите, вработените и државата е тајната на успехот како и клучни стратешки одлуки кои сме ги донеле во изминатиот период, а позитивно влијаеле на работењето на компанијата.


2. Со какви работни техники и воведени иновации се одвива секојдневното работење во погоните на Пекабеско? Дали има нови иновации спремни за имплементација во скоро време? 

- Постојано вложуваме во развојот на деловните процеси, правиме нови производи, вложуваме во развојот на вработените како и ги пратиме трендовите во нашата индустрија за техничко технолошкиот развој се со цел да ја одржиме нашата конкурентност.


3. Податоците од 2022 година покажуваат дека компанијата успешно излезе од Ковид-19 кризата. Дали имаше некоја стратегија со чија помош Пекабеско ги преброди кризните години и застана на нозе уште во првата година по завршувањето на пандемијата?

- Ние во прехранбената индустрија имавме помали последици од Ковид кризата за разлика од некои други индустрии главно грижа ни беше здравјето на нашите вработени во текот на пандемијата и одржувањето на производствениот и деловниот процес се со цел навремено снабдување на пазарот со потребните количини на производи.


4. Кој период од овие 40 години, беше најголем предизвик за Вас и како се справувате со таквите предизвици?

- Најтешки години биле годините по распадот на поранешна Југославија кога државата се соочи со губење на пазарите на кој купува и продава стока како и војните, ембаргата и кризите кои значително ги влошија условите за водење бизнис и ја намалија куповната моќ на граѓаните.


5. Се поголема е конкуренцијата на домашниот пазар, како од домашни компании така и од странските. На кој начин се справувате со конкуренцијата и што е она што Ве поттикнува да се борите со неа?

- Со континуиран развој и вложувања во компанија се со цел подигнување на нашата конкуретност за да се справиме со се поголемата конкуренција на пазарот.


6. Пекабеско се најде во 100те најголеми извозници за 2022ра година. На кои странски пазари сте најактивни, како стигнавте до нив? Дали можеби имате планови за проширување и на другите континенти во иднина?

- Ние сме активни на пазарите во регионот каде традиционално ги продаваме нашите производи, покрај тоа имаме и  извозен број за ЕУ и се трудиме да влеземе на пазарот во ЕУ и во целиот свет за таа цел оваа година учествувавме на најголемиот саем за храна во светот Ануга во Келн, Германија.


7. Во медиумите постојано читаме за донации и активности насочени кон општествената одговорност од ваша страна. На кој начин Пекабеско се грижи и придонесува за општествените проблеми во изминатиов период?

- Ние се трудиме да помогнеме на заедница та во рамките на нашите можности со оглед на тоа дека ние работиме во нашата држава и сакаме да вратиме назад во заедницата и да го помогнеме нејзиниот развој.


8. За крај, какви новости и инвестиции може да очекуваме од Пекабеско во иднина?

- Ние во континуитет работиме на подобрување на нашето работење па така ќе имаме нови производи во нашето портфолио , а ќе инвестираме во капацитет за производство на електрична енергија.


Интервју со Анатол Кутревски, Втор Извршен Директор

Финансиските перформанси на ДМ во Македонија

ДМ Дрогерие Маркт е уште една странска компанија со успешна приказна на македонското поднебје.

Фискалната сила на Шпаркасе банка

Шпаркасе банка е дел од една од најмоќните банкарски групации во Југоисточна Европа -Steiermärkische Sparkasse лоцирана во Грац, Австрија.

Компании со најголем успех во 2022 наспроти 2018 година

Уште една интересна анализа која може да се најде во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е за најбрзорастечките компании во последните 5 години.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт