Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

50те најголеми работодавци меѓу НАЈГОЛЕМИТЕ и НАЈУСПЕШНИТЕ во Македонија

Во продолжение на оваа статија, ви ги претставуваме 50те компании кои имале најголем просечен број на вработени во 2021 година.

Како што можеме да забележиме од податоците за 2021 година, воочуваме мала промена во врвот на најголеми работодавци. Имено, на првата позиција за 2021 година со најголем просечен број на вработени се наоѓа компанијата која воедно е и странска директна инвестиција - ДММ ДРЕКСМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, со седиште во Кавадарци. Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, Битола, кои минатата година успеаа да го земат првото место, оваа година забележуваат благо намалување на вработените, кое сепак се должи како што веќе знаеме на постоечката и економска криза започната со КОВИД - 19 пандемијата. Без разлика на тоа, сепак, се наоѓаат повторно на врвот, овој пат на 2рата позиција, што исто така претставува значителен успех. 

Како следни ни доаѓаат АД ЕСМ, Скопје, која како и изминатата година повторно се наоѓа на 3тата позиција, потоа АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кочани, исто така странска директна инвестиција која заедно со останатите значително успеаа да ја намалат невработеноста во Македонија во последните неколку години. И како 5та рангирана на листата на најголеми работодавци е АД Пошта на Северна Македонија, Скопје, која успеала да го зголеми просечниот број на вработени од 2010 на 2185 во изминатата година.

Погледнете ја целата листа на 50те најголеми работодавци за 2021 година во Македонија.




ТЕРИТОРИЈАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ НА 200-ТЕ НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ

Територијалната застапеност на 200-те најголеми и најуспешни фирми е уште една од многубројните анализи кои ги содржи едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ©.

НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ КОМПАНИИ ВО 2021 ГОДИНА

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© е книга која во својата содржина има многу дополнителни анализи и податоци за економијата и компаниите.

НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИ БАНКИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© секоја година рангирани се и банките од Македонија како и осигурителните компании.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт