Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Адора Инженеринг – трета најуспешна градежна компанија

Градежен бренд кој годинава одбележи 20 години од своето постоење под мотото “Само делата се вистина”.

Градежен бренд кој годинава одбележи 20 години од своето постоење под мотото “Само делата се вистина”. Адора Инженеринг со неуморна и посветена работа и најсовремени градежни решенија веќе долги години обезбедува сигурно, квалитетно и економично домување за илјадници жители во над 3000 домови со вкупна изградена површина од 400 000 квадратни метри. 


Својата умешност во бизнисот Адора ја истакнува во различни бизнис сфери и ја зголемува присутноста во неколку сектори во последните години. Па така, компанијата е присутна и во финансиско-банкарскиот сектор со значително учество во капиталот на Комерцијална Банка АД Скопје, акционерски удели во други банки, во фармацевтската индустрија и енергетската дејност во Македонија, а од неодамна и на пазарот на недвижности во Србија и Грција.

Адора Инженеринг под лидерството на големиот филантроп проф. Др. Ванчо Чифлиганец, а преку истоимената фондација, низ годините има вложено значајни средства за поддршка и развој на нашата заедница, образованието и спортот.

2021 година се покажа како мошне успешна година за Адора Инженеринг со остварена добивка од 176 милиони денари, рангирајќи ја компанијата на 77 место на листата на најуспешни компании, односно 3та најуспешна меѓу градежните. 

ТЕРИТОРИЈАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ НА 200-ТЕ НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ

Територијалната застапеност на 200-те најголеми и најуспешни фирми е уште една од многубројните анализи кои ги содржи едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ©.

НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ КОМПАНИИ ВО 2021 ГОДИНА

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© е книга која во својата содржина има многу дополнителни анализи и податоци за економијата и компаниите.

НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИ БАНКИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© секоја година рангирани се и банките од Македонија како и осигурителните компании.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт