Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Адора Инженеринг - Само делата се вистина

Адора Инженеринг, како компанија посветена на градежништво, своите почетоци ги влече од 2002 година кога семејството Чифлиганец одлучи да се впушти во нови бизнис можности откако 1 деценија претходно работеше во фармацијата.

Компанијата беше основана, а и денеска постои под мотото Само делата се вистина. Ова се покажа како успешен патоказ и низ годините Адора се етаблираше како една од најуспешните компании чии градби се синоним за стабилни, висококвалитетни, еко градби изградени по најновите светски стандарди. Во текот на овие 22 години откако е формирана компанијата, изградени се 40 станбено-деловни објекти и тоа не само во Македонија туку и во Србија и Грција. Вкупната површина на која се простираат градбите на Адора изнесува 400.000 m2. 

Како најпознати проекти кои се дело на Адора Инженеринг се Адора Flatiron и Diamond Garden во Скопје и 21st Century Zlatibor By Adorа на Златибор. 


Adora Flatiron се наоѓа во срцето на Скопје на само неколку минути од центарот на градот. Adora Flatiron е грандиозен станбено-деловен комплекс кој веднаш стана препознатлив за градот, а во негова близина се наоѓаат речиси сите значајни институции.

Adora Diamond Garden, позната и како најголемата внатрешна градина за домување во Југоисточна Европа, е исто така дело на вештите раце на Адора Инженеринг. Уште еден станбено-деловен објект кој се наоѓа на урбана локација во Скопје опкружен со образовни, спортски установи, угостителски објекти и трговски центри. Adora Diamond Garden титулата најголема внатрешна градина за домување ја доби заради 5,5 тони растенија кои се наоѓаат во зградата. Освен тоа, локацијата нуди отворен поглед кон познатото Водно, Шар Планина и реката Вардар, па така претставува идеална урбана оаза за живеење и работење.

 

Во Србија, Адора се посвети на изградба на хедонистички апарт хотел на познатиот Златибор. Сместен во богатите природни убавини на оваа планина, 21st century хотелот претставува вистинско ремек дело со изобилство на хотелски содржини и услуги кои на посетителите им овозможуваат одмор со вистинско уживање. 


Адора во последните неколку години се активираше и на пазарот во Грција, каде што изгради неколку објекти на некои од најпознатите локации за одмор на море како што се Касандра на Халкидики и островот Тасос. 

Повеќе за компанијата и нејзините финансиски податоци низ годините, може да најдете тука.  

 


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт