Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Алкалоид постои повеќе од осум и пол децении на пазарот, а денеска е организирана во форма на акционерско друштво со повеќе свои подружници во Македонија, но и во странство. 

Компанијата вработува околу 2000 лица во земјава и над 650 вработени во подружниците и претставништвата надвор од Македонија. Од тука гледаме дека станува збор за еден од гигантите на домашниот пазар, компанија која значително влијае врз формирањето на пазарните и бизнис текови. 


Главната цел и мисија на Алкалоид е да го зачува здравјето на луѓето, ставајќи го во центарот на вниманието како најскапоцено нешто што го има човекот. Меѓутоа, освен залагањата за човековото здравје и добросостојба, Алкалоид постојано и на многу начини покажува дека исто така за нив е важна и заштитата на животната средина како и одговорноста кон општеството. 

Корпоративната општествена одговорност претставува висок приоритет во корпоративната стратегија на Алкалоид АД кој стратегиски го интегрира овој аспект во целината на својот бизнис и имплементира активности и проекти кои значително ја помагаат и подобруваат нашата заедница.

 

“Свесни за влијанието што го имаме врз сите аспекти на општеството, и во согласност со политиката за општествена одговорност, нашата компанија, преку различни соработки, проекти и активности, постојано го потврдува своето изразено стратегиско определување за поддршка на сите сфери на општествен, економски, образовен, здравствен и културен живот во Македонија. Преку реализација на различни проекти, донации и активности, прилагодени на потребите на средината, безрезервно и постојано придонесуваме за подобрување, напредок и развој на заедницата во која живееме и работиме.”, Алкалоид АД, Скопје.

Алкалоид АД подеднакво се грижи и да ја зачува животната средина, преку следење на најнови достигнувања на ова поле, но и со постојано следење и контролирање на своите технолошки процеси со цел да се елиминираат или намалат нивните ефекти. 


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт