Петок, 14 Јуни 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Анализа на маркетите во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ за 2022 година

Изготвивме уште една анализа од податоците на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Овој пат, фокусот е на маркетите кои беа дел од најголемите и најуспешните компании во 2022 година.

Како што ни покажува и табелата од текстот подолу, најголем маркет за 2022 година беше КАМ Маркет, рангиран на 10тото место според остварен вкупен приход од 14,3 милијарди денари. Неговата добивка пред оданочување изнесуваше 313,4 милиони денари и со тоа КАМ го зазема 49тото место на листата на најуспешни компании. 

Второто место според големина, во рамките на оваа дејност, го зазема Кипер маркет со 8,4 милијарди денари вкупен приход. Што се однесува до најуспешните, Киппер и тука ја задржа својата присутност и се рангираше на 69тото место според добивката од 221,2 милиони денари. 

Понатаму, на трето место се најде Стокомак со 7,4 милијарди денари приход, што ја рангираше компанијата на 35тото место на листата на најголеми, а добивката од 218,5 милиони денари ја позиционираше како 70та најуспешна компанија. 


Тинекс оствари 6,1 милијарда денари вкупни приходи и со тоа се најде на 48то место меѓу најголемите компании. По него следи Веро, рангирана на 50то место на најголеми компании со вкупен приход од 5,6 милијарди денари и на 26то место на најуспешни со добивка од 602,7 милиони денари. Оваа добивка ја искачи компанијата на прво место како најуспешна компанија во рамките на дејноста. 

Кит-Го е 61ва најголема и 97ма најуспешна компанија со остварен приход од 4,8 милијарди денари и 174,8 милиони денари добивка пред оданочување. По нив се Жито маркети со 3,9 милијарди денари приход и 23,5 милиони денари добивка, рангирани како 73та најголема компанија. 

Следи Рамсторе Македонија со 3,6 милијарди вкупен приход и 46,5 милиони добивка пред оданочување, рангирана на 76тото место меѓу најголемите компании. 

Последното место од компаниите во оваа дејност го зазема Грандпром-Зур маркетот со 1,8 милијарди приходи и 37,5 милиони денари добивка пред оданочување. Компанијата е рангирана на 155то место на листата на најуспешни. 

Повеќе податоци за сите компании може да најдете на овој линк.


Стратегии за успех од искуството на Актива

Ефективното управување со проекти е критично во градежната и производствената индустрија, временските рокови, буџетите и квалитетот се постојано во прашање.

Адора Инженеринг - лидер во градежништво и еколошката свесност во земјата и регионот

Адора Инженеринг е една од најпознатите македонски градежни компании која од пред неколку години своите активности ги прошири и во некои од соседните држави.

Најголемите дистрибутери на храна и пијалаци во 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како најсеопфатна едиција која ги содржи податоците за најдобрите компании на пазарот, може да понуди широка палета на анализи од податоците со кои располага. Овој пат ги опфативме компаниите за дистрибуција на храна и пијалаци кои се најдоа на листите во 2022 година.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт