Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Брако - трансформативен пат кон успех

Компанијата Брако ги следи своите почетоци сѐ до 1947 година кога беше основана во Велес. Низ годините Брако искуси разни трансформации и помина многу предизвици од кои секојпат излегуваше како победник.

По приватизацијата во 2003 година, Брако отвори нова ера во своето работење и доживеа значителен пораст. Месечното производство на компанијата се зголеми дури тројно од претходно. 

Денес Брако е позната по своите жичани производи, програма по која што компанијата е многу добро позната на балканскиот и европскиот пазар. Но, и покрај тоа што брендот е веќе препознатлив, Брако постојано инвестира во нови технологии за подобрување на производството, но не изостанува ни проширувањето на постојниот асортиман. Најнова производствена програма која ја воведе компанијата е за транспортни ленти, а претходно беше воведена и производствена палета на медицинскимебел и товарни приколки. 

Зголемените потреби за доставување и транспорт на добрата, а водени од целта да се минимизираат трошоците, го доведоа Брако до одлуката да основа уште неколку свои компании преку кои ќе ги врши овие услуги. На пример Брако Транс ДООЕЛ за транспортни услуги, Брако Петрол за нафтени деривати, а тука е и Брако Жичани Производи од Србија која е целосно превземена од страна на Брако.


Од 2004 година Брако е дел и од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, рангирана најпрво како 197ма најголема според вкупен приход. Во 2010 година влегува и на листата на најуспешни според добивка пред оданочување, додека значително го зголемува својот приход и веќе е во топ 100 компании според оваа ставка. 

Последните податоци од 2022 година покажуваат одличен успех на Брако со 12,84% пораст на вкупен приход и 24,26% пораст на добивката пред оданочување, а компанијата е рангирана на 114то место на најголеми и 75то место на најуспешни компании. 

Бројот на вработени во 2022 година изнесуваше 509 лица. Прочитајте повеќе за компанијата на нивниот профил




Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт