Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ДМ Дрогерие Маркт – еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа

Ланецот dm со асортиман од речиси 14 000 производи, важи за место за купување се на едно место.

Првата дрогерија на dm е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија, а денес тој претставува репрезентативен ланец со повеќе од 3.765 дрогерии во 13 држави ширум Европа. На македонскиот пазар, првите дрогерии се отворија во 2012 година, а до денеска бројот достигна 20 продажни места во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид.

Ланецот dm со асортиман од речиси 14 000 производи, важи за место за купување се на едно место, почнувајќи од убавина, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, лична хигиена, па се до производи за нега на бебиња, домаќинство и дезинфекција.

Со својата понуда од речиси 4.000 производи, dm е најголем понудувач на сопствени, добро познати трговски брендови (Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други) кои гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои делува компанијата.

Еден од сегментите по кој е познат dm е органската храна. Со понуда од над 300 производи во рамките на сопствената трговска марка за органска храна – dmBio, dm е најголем понудувач на органска храна на нашиот пазар и тоа по одлични цени. 

Дием-ГП ДОО - убедливо највкусните македонски традиционални прозиводи

Мисијата на Дием-ГП ДОО е: преку врвниот квалитет на нивните производи да ги задоволат и најспецифичните желби, барања и вкусови на потрошувачите.

Телекабел - македонски супербренд со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор

Телекабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.

Ramstore до дома - онлајн сервис за купување намирници со палета од 8000 производи

Рамсторе, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Сити Плаза Холдинг кој е присутен на македонскит пазар 16 години.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт