Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Даути Комерц - пример за посветеност и неизбежен успех

Даути Комерц е една од оние компании кои служат како пример за тоа дека со посветеност и напорна работа успехот е неизбежен.

Со 30 годишна историја зад себе, Даути Комерц денес важи за моќен бизнис кој нуди квалитетни услуги, а извезува производи во речиси цела Европа. Портфолиото, пак, на производи кои ги нуди Даути, доаѓаат од 82 земји низ целиот свет.

Како една од најмоќните и најпознатите фирми во Македонија, Даути се вбројува и во најголемите и најуспешните компании и тоа уште од 2003 година кога за прв пат беа објавени вакви ранг листи за компаниите. 

Со приход од 348 милиони денари во 2003 година, Даути влегува на листата на најголеми компании како 156та. Полека, но сигурно, низ годините Даути го зајакнува своето присуство и го зголемува својот успех, а во 2010 година влегува и на листата на најуспешни компании со остварена добивка пред оданочување од 48 милиони денари. Во споредба со претходната година, добивката бележи значително зголемување од дури 344,56% и со тоа Даути заврши како 119та најуспешна компанија.


Со постојан растечки тренд на приходот, од 2009 година Даути се најде и помеѓу 100те најголеми компании и тука останува до денеска. Во 2022 година беше рангирана на 75то место со вкупен приход од 3,7 милијарди денари, односно 20,37% поголем приход од 2021 година. Воедно ова е годината во која Даути го постигна најголемиот износ на вкупен приход во анализираниот период. 

Што се однесува до добивката, највисоката добивка е остварена во 2021 година во износ од 131,9 милиони денари или 45,09% повеќе од 2020 година. Во 2022 компанијата го зазема 169то место на листата на најуспешни. 

Бројот на вработени во компанијата беше 50 луѓе во 2003 година, а сега е веќе зголемен седумкратно и достигна бројка од 361 лице.


Повеќе информации и податоци за компанијата се достапни на нивниот профил, а целосните листи од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ најдете ги тука


Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт