Дием-ГП ДОО е производно-трговско претпријатие за производство и преработка на овошје и зеленчук. Веќе дваесетина години е водечко претпријатие во оваа дејност. Располага со стандардот за квалитет - ISO 9001 и со стандардот за управување со безбедност на храна - ISO 22000, кој ги вклучува и HACCP стандардите.
Богатиот производствен асортиман го сочинуваат производи со врвен квалитет, достапни во најразлични пакувања и спремни веднаш да се најдат на Вашата трпеза. Како најпознат и најдобар производ го издвојуваат домашниот печен ајвар - Баш Ајварот.
Нивните производи можете да ги најдете во ланецот на специјализиарни маркети на Дием-ГП во Скопје, Битола и Гевгелија, како и во сите други ланци на супермаркети и помали маркети низ цела Македонија.
Извезуваме во повеќе земји: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австрија, Чешка, Канада, САД и Австралија.
И тие се најдоа на нашата листа на најуспешни компании за 2020-та година, а може да погледнете повеќе ТУКА.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт