Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Движење на добивката пред оданочување на најуспешните компании во изминатите 5 години

Во изминатите 5 години нашата економија, како и светската доживеа голем удар од здравствената криза поради Ковид 19 епидемијата. Ова значително влијаеше на многу бизниси и ги намали нивните активности и, сосема очекувано, нивните финансиски резултати.

Во оваа анализа го претставуваме движењето на вкупно остварената добивка пред оданочување од страна на 200те најуспешни компании за период од 5 години. Како што може да се забележи и на графикот подолу, во 2018 година компаниите кои беа рангирани како 200 најуспешни, заедно оствариле 63,3 милиони денари добивка. Во 2019 има благ пад од 2,7%, но веќе во 2020 година вкупната добивка се намалува за 11,3% и изнесува 54,6 милиони денари. Приходот кој овие компании го оствариле исто така е намален за дури 18,5% во една година и изнесувал 578,4 милиони во 2019 и 471,5 милиони во 2020.

 

Веќе во 2021 состојбата почнува да се подобрува и имаме зголемување на вкупната добивка од 14,1% односно вкупниот износ е 62,3 милиони денари. Во 2022 година има приближно процентуално зголемување од 15,7%, а добивката која е остварена изнесувала 72,1 милиони денари. 

И покрај падот во кризните периоди, сепак добивката има растечки тренд како што е прикажано и на графикот. Спротивно на ова, ако го погледнеме бројот на вработени лица, забележуваме дека иако од 2021 година има зголемување, сепак бројката сеуште не е ни блиску до онаа во 2019. Тука е видлив опаѓачки тренд и тоа за 11,1% во 2022 наспроти 2019 година. 



Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт