Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Движење на вкупниот приход на најголемите компании во периодот 2018-2022

Вкупно остварениот приход во една година е главниот показател според кој ги определуваме и рангираме најголемите компании.

Едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ оваа година го забележа своето јубилејно 20то издание, во кое како и претходните години се претставени најголемите и најуспешните фирми според соодветните показатели. 

Доколку ги разгледаме приходите на компаниите, односно вкупно остварениот приход од страна на 200те најголеми компании кои беа дел од изминатите изданија, добиваме интересен увид во тоа по кој пат се движи нашата економија, дали имаме пораст или пад на целокупното работење на компаниите. 

Во продолжение на текстот споделуваме графички приказ на тоа како се движеше вкупниот приход во последните 5 години од 2018 до 2022. Главно, забележуваме растечки тренд и покрај тоа што во 2020 година има мало намалување од 5,82% во споредба со 2019 година. Во следните две години вкупно остварениот приход расте, и тоа за 21,11% во 2021 година и 38,75% во 2022 кога приходот изнесуваше 1,137 милијарди денари.


Како што е веќе добро познато, најголемата компанија во сите овие години е странската инвестиција Џонсон Мети која е дел од автомобилската индустрија, а своите производствени погони ги отвори во Бунарџик. Во 2022 вкупниот приход на Џонсон Мети зазема 13,4% од вкупно остварениот приход на 200те најголеми компании. 

Повеќе податоци и информации може да најдете тука, додека за компаниите и нивните податоци кликнете тука


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт