Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕВН - главен снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар

ЕВН Македонија е главен снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар. Компанијата е дел од ЕВН АГ Групацијата која е водечки европски бренд за услуги од областа на енергијата, а во Македонија делува веќе 18 години.

Денеска ЕВН Македонија е фамилија од неколку компании кои заедно овозможуваат врвна корисничка услуга и одржливост, како и непречено снабдување со електрична енергија: ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани, Електродистрибуција и ЕВН Хоме.

На графичкиот приказ за финансиските резултати на ЕВН Македонија од последните 18 години може да се забележи пораст на вкупно остварените приходи и добивката пред оданочување се до 2018 година. Оттогаш забележуваме постојано намалување на бројките, меѓутоа ова е од причина што компанијата ги префрли своите приходи од снабдување со електрична енергија на друг правен субјект, ЕВН Хоме ДОО. ЕВН Хоме е најнов член на оваа фамилија, која снабдува над 700.000 корисници со електрична енергија. ЕВН Хоме е всушност снабдувач во краен случај и електричната енергија ја дистрибуира директно до корисниците. 


На вториот график ги прикажуваме и финансиските резултати на ЕВН Хоме ДОО. Очекувано, вкупните приходи покажуваат постојан пораст во секоја следна година, додека кај добивката пред оданочување се видливи осцилации. 


Компанијата 2022 година ја завршува со највисок вкупен приход забележан во сите години досега, во износ од 30,8 милијарди денари, додека добивката изнесува 754,2 милиони денари. Во споредба со 2021 вкупниот приход е зголемен за дури 49,08%, а добивката за значителни 1758,02%. Во однос на бројот на вработени, ЕВН Хоме во 2022 година имала 34 вработени, а ЕВН Македонија 213 вработени. 


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт