Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ФЛЕКС КРЕДИТ - најбрзо растечка компанија за 2021 година

Прв пат во 2021 година во 200те најголеми и најуспешни влегуваат компаниите за брзо кредитирање.

Флекс Кредит е финансиска небанкарска институција која обезбедува брзи потрошувачки кредити за населението преку онлајн аплицирање и преку нивните филијали рапространети низ целата територија на Република Северна Македонија. Компанијата дејствува со повеќе од 130 филијали низ четири европски земји – Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија. ФЛЕКС Кредит е дел од меѓународна финансиска група која делува од 2013 година. 




Според покажаните резултати во 2021 година, Флекс Кредит за прв пат влегува во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ и се рангира на 179то место на листата на НАЈУСПЕШНИ компании според добивка пред оданочување. Споредбено со 2020 година, компанијата има остварено раст на добивката од дури 157317,83% што ја прави најбрзо растечка меѓу компаниите од 200те најуспешни, а кои податоци се обезбедени од Централниот Регистар на РСМ согласно поднесените завршни сметки. 
Во Македонија Флекс Кредит вработува близу 80 луѓе но таа бројка е значајно поголема на ниво на целата компанија и се движи околу 2000.

КАМ маркет го отвора својот најголем маркет во Куманово и воедно бележи ново покачување на платите

Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвори нов 3-ти маркет во Куманово, лоциран на улица „7“ бр. 32. Исто така во „КАМ маркет“ има и ново покачување на платите на вработените

ЕРИ Корпорација – италијански бренд со производство во Македонија

Ери Корпорација е компанија основана во Македонија, со мешовит италијанско-македонски капитал, во 2015 година.

ЕУРО-ФАРМ – застапник за над 20 светски брендови од фармацевтската индустрија

Еуро – Фарм е модерна, иновативна, општествено одговорна компанија која работи на македонскиот пазар од 2000 година.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт