Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Финансиските гиганти во македонското банкарство

Во македонскиот банкарски систем има 13 банки, според последните податоци за активни банки во 2022 година. Во продолжение на текстот погледнете како изгледаа ранг листите на најголемите и најуспешните банки согласно капиталот и резервите и добивката пред оданочување.

Прва на листата на најголеми банки, со највисок остварен капитал и резерви во износ од 22,2 милијарди денари, е Стопанска Банка АД Скопје. По неа, на второ место е НЛБ Банка со остварени 15,57 милијарди денари капитал и резерви. Со многу мала разлика, третото место го зазема Комерцијална Банка, а нејзиниот капитал и резервите изнесуваа 15,55 милијарди денари.

Потоа следи Халк Банка со 13,4 милијарди денари остварен капитал, а на петтото место е Шпаркасе Банка која оствари 10,7 милијарди денари капитал. 

Во поглед на добивката пред оданочување која ја остварија финансиските субјекти, имаме малку различна целокупна слика, но сепак првата петорка останува иста. 

Имено, првото место како најуспешна банка го зазема НЛБ Банка со остварена добивка од 2,68 милијарди денари. Потоа е Стопанска Банка со  2,62 милијарди денари добивка на второто место. Третото место и на оваа листа, како и на претходната, го зазема Комерцијална Банка си добивка од 2,3 милијарди денари. Шпаркасе Банка се најде на четвртото место со 1,1 милијарда денари добивка, а Халк Банка е петта најуспешна банка со 800 милиони денари остварен профит во 2022 година. 

Листите за најголемите и најуспешните банки се прикажани на сликите, додека целосните податоци за сите субјекти може да ги најдете тука.



Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт