Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Флекс Кредит - брзо и лесно кредитно решение во секое време

Флекс Кредит е една од добро познатите компании за брзо кредитирање на населението и компаниите на нашите простори.

Компанијата важи за лидер во финансиската индустрија и е дел од меѓународна финансиска група која обезбедува кредитни услуги во Европа. Со работа на македонскиот пазар започнува во март 2020 година, додека на пазарот на Источна и Јужна Европа делуваат од 2013 година. Повеќе од 3000 високо квалификувани лица посветено работат на задоволување на финансиските потреби на поединците и бизнисите во над 350 филијали на територијата на шест европски земји. Во Македонија има 62 филијали низ целата територија и повеќе од 200 вработени.

Флекс Кредит е дел и од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ веќе од 2021 година, односно од втората година на нивното влегување на пазарот. 


Во 2021 година, се рангираше како 179та компанија на листата на најуспешни според остварена добивка пред оданочување. Овој успех значително се зголеми во следната, 2022 година, кога Флекс Кредит влезе во 50те најуспешни компании рангирана на 45тото место, со пораст на добивката од дури 263,21%. Приходот на компанијата во 2022 година исто така забележа значаен пораст од 144,38%.

Флекс Кредит секогаш своите клиенти ги става на прво место и инвестира во разни иновации кои ќе доведат до брза и компетентна услуга како лесно кредитно решение за секого во секое време. Повеќе за компанијата може да прочитате на нивниот профил.


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт