Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ГД ГРАНИТ - 7 децениски квалитет во градежништвото

Повеќе од 60 години, Гранит овозможува иновативни решенија на комплексни инфраструктурни проекти низ целиот свет.

Акционерското Друштво Гранит беше формирано како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа, согласно владината одлука на С.Р.Македонија бр.1235/52 на 24 ноември, 1952 година. Во следните 57 години, Гранит се трансформираше од државна компанија во Акционерско Друштво преку приватизацијата во 1996, што подоцна стана најголемото македонско претпријатие за изградба.

За време на југословенската ера, Гранит ги развиваше своите капацитети и стана компанија способна за извршување на покомплекси проекти. Откако Македонскиот пазар не можеше да го задоволи целосниот капацитет, Гранит се прошири и почна да учествува на меѓународни проекти.

Денес, Гранит се стреми да оддржи баланс помеѓу работата на домашниот и странскиот пазар, со цел да ја оддржи својата лидерска позиција во областа на градежништвото. Гранит ќе продолжи да биде посветен на развојот на инфраструктурата во Македонија, како и да собира знаење од работата на странските пазари.

Луѓето кои стојат позади името на Гранит денес, имаат една заедничка желба – да го зачуваат тоа што било формирано до овој момент, така што Гранит може да зачекори во иднината со уште поголема сила, како што и самото име наведува.

Повеќе за растот на АД Гранот може да прочитате ТУКА

НИКОБ ДООЕЛ - лојалност, професионалност и стабилност на прво место

Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија.

Еуро Табак ДОО - вашиот производ е секогаш на прво место

Со 15 години искуство во секторот на дистрибуција и продажба, Еуро Табак ви гарантираат одлично позиционирање на пазарот на сите ваши производи.

ВЕРОПУЛОС - Купувачот е нашиот шеф

Докажан факт е дека компанијата Веропулос негува професионални и партнерски релации со сите свои комитенти. Условите за соработка, информациите, искуствата и новитетите кои Веропулос безрезервно ги дели со своите партнери и комитенти создаваат поволна бизнис-клима и отвораат нови предизвици за совладување во малопродажниот бизнис на овие простори.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт