Денес, компанијата има распространета дистрибутивна мрежа од 90% на територијата на целата држава, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.
Водена од желбата за иновации и храброст за нови деловни подвизи, Гемак во 2014 година го отвора станбено – деловниот комплекс Park Residence, хотелот со 5 звезди Park Hotel and Spa, а во 2019 година започнува со работа и хoтелот Next Door Park Hotel.
На нашита листа на 200 најголеми и најуспешни компании како што е и очекувано, се наоѓаат секоја година уште од првата едицијата во 2003 година. Јубилејното издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®, воедно претставува и 20то рангирање на ГЕМАК – ТРАДЕ во истата.
За 2022 година ГЕМАК успеа да го забележи 108 место на листата на најголеми компании, рангирани според вкупниот приход. Остварија вкупен приход од 2.519.313.840 денари, што е за 3.25% повеќе од изминатата година.
За потсетување Гемак е основана во 1991 година, а низ годините континуирано вложуваше во нови брендови и иновативни пристапи на оперативно работење, што придонесе за пораст, развој и успех на компанијата.
Денес Гемак брои 107 вработени лица. Нивните вработени се нивниот највреден капитал. Ги негуваат корпоративните вредности и постојано вложуваат во луѓето, во нивна едукација и усовршување.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт