АД Гранит е компанија формирана во 1952 година за конструкција на патишта, но денес, повеќе од 70 години потоа, веќе е едно од најголемите претпријатија за изградба на згради која работи исто така на интернационалниот пазар.
Од самиот почеток на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Гранит е дел од најголемите и најуспешните компании и секоја година се рангира на високи рангови помеѓу првите 50 најголеми компании според вкупен приход.
Како се покажа 2021 година за АД Гранит? Според податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, годината беше мошне успешна и на компанијата и донесе зголемување на приходите но и на добивката пред оданочување. Имено, вкупниот приход на Гранит е за 12,19% поголем во однос на приходот од 2020 година, додека добивката пред оданочување е зголемена за дури 178,05%. Ваквиот позитивен резултат ја рангира компанијата и како една од најбрзо растечките компании, односно 47ма најбрзо растечка компанија.

Придонесот на Гранит е значаен и на полето на вработеноста. Во 2021 година просечниот број на вработени бил нешто помал од 1200 вработени. Според ова, Гранит се вбројува и како една од најголемите работодавци во Македонија.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт