Петок, 14 Јуни 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Инграм Микро - Архитекти на иднината за компјутерски системи

Инграм Микро Македонија e дел од глобалната инфраструктура на Инграм Микро која е со седиште во САД и работи во 61 земја.

Компанијата е основана во 1979 година, додека во Македонија е присутна од 2015 година. За овие 8 години постоење на нашиот пазар Инграм постигнува забележителен успех и добива значајна позиција меѓу главните двигатели на пазарот. 

Главна дејност односно поле на работа на Инграм Микро се технолошките решенија. Како светски лидер и иноватор во технологијата, Инграм Микро нуди решенија од светска класа на клиенти насекаде низ светот, а својот успех го припишува на иновациите во кои постојано се вложува. 

Со своите технолошки решенија, Инграм Микро претставува значајна поддршка за работењето на своите клиенти и успешно управување на нивните бизниси.

Официјалните податоци од ЦРРСМ ја рангираат Инграм Микро Македонија како 164та најголема компанија според остварен вкупен приход во 2022 година, кој изнесуваше 1,75 милијарди денари. Тука се забележува и пораст на приходите од 25,26% во однос на 2021 година. Бројот на вработени во 2022 година изнесуваше 24 лица. 

Повеќе податоци за компанијата може да прочитате тука.


Стратегии за успех од искуството на Актива

Ефективното управување со проекти е критично во градежната и производствената индустрија, временските рокови, буџетите и квалитетот се постојано во прашање.

Адора Инженеринг - лидер во градежништво и еколошката свесност во земјата и регионот

Адора Инженеринг е една од најпознатите македонски градежни компании која од пред неколку години своите активности ги прошири и во некои од соседните држави.

Најголемите дистрибутери на храна и пијалаци во 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како најсеопфатна едиција која ги содржи податоците за најдобрите компании на пазарот, може да понуди широка палета на анализи од податоците со кои располага. Овој пат ги опфативме компаниите за дистрибуција на храна и пијалаци кои се најдоа на листите во 2022 година.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт