Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Интеренерго - Енергија на иднината

Интеренерго Македонија е огранок на меѓународната словенска групација за трговија со електрична енергија Интеренерго.

Таа е дел од мрежа од лиценцирани компании кои се вклучени во трговијата со електрична енергија на големо и активно придонесува за конкурентна електрична снабденост во цела Европа. Групацијата е присутна во 17 земји и на 14 различни берзи, што на трговците со електрична енергија им дава голема флексибилност за пренос на енергија на пазарите каде што е најпотребно.

Интеренерго исто така обезбедува услуги за управување и инфраструктура потребна за влегување на производителите на обновливи извори на електрична енергија на пазарите во вид на партнерство помеѓу производителите и трговците со енергија. Услугите на Интеренерго опфаќаат директен маркетинг, иновативни решенија за објекти, анализирање на пазарот на енергија, поддршка во исполнување на законски барања и така натаму. 


Инвестициите во производството на електрична енергија од обновливи извори не се само дел од тековните трендови, туку се во сржта на одржливата политика на групацијата. Па така, сите објекти на Интеренерго се опремени со најсовремена технологија со цел ефикасно и еколошки прифатливо производство на електрична енергија.

Според финансиските податоци од последните пет години, според кои Интеренерго Македонија  е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, гледаме дека компанијата постигна значаен раст на вкупниот приход и добивката пред оданочување. Во периодот од 2018 до 2022 година, вкупниот приход се зголеми за 272%, а добивката за 45,864%, што само го потврдува  успешниот напредок и нивното влијание на пазарот на електричната енергија. Во исто време, нивната ангажираност за одржлива енергија и усогласеноста со регулаторните барања ги прави предводници во индустријата.


Повеќе податоци за Интеренерго Македонија може да најдете тука


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт