Петок, 24 Мај 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

Кои се главните извори на енергија кои вашата компанија ги користи во своите операции?

Интеренерго е меѓународна енергетска компанија со седиште во Љубљана, која и покрај тоа што е релативно млада, е една од најголемите енергетски компании во регионот. Нашите главни активности вклучуваат тргување со електрична енергија, договори за набавка на електрична енергија (РРА), инвестиции во обновливи извори на енергија (RES) и енергетски услуги. Сржта на нашите инвестиции се изградба и управување со електрани за производство на електрична енергија. Разновидното портфолио на проекти низ групацијата опфаќа три извори - вода, ветер и сонце.

Во Интеренерго Македонија имаме инвестиции пред се во областа на ветерната и сончевата енергија, додека во регионот имаме разновидно портфолио и преку проекти од хидро енергија, биомаса, далечинско греење и енергетска ефикасност. Интенцијата е искуството и знаењето од странство да го пренесеме и во нашата земја, преку користење на најнапредните технологии кои овозможуваат ефикасно, доверливо и еколошко производство на енергија.


Можете ли да опишете некои од главните проекти кои вашата компанија во моментов ги спроведува за напредок во производството на обновливи извори на енергија?

Во моментов во околината на Гевгелија и Богданци во тек е изградба на ветро паркот ”ПЕРУН”, во напреден развој се неколку соларни паркови во околината на градовите Битола и Штип, додека во почетна фаза се неколку проекти кои употребуваат отпадна биомаса. Со овие “green field” инвестиции значително ќе се зголеми портфолиото на нашата компанија а воедно ќе дадеме мал придонес кон енергетската транзиција на С. Македонија. Покрај инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, имаме реализирано и проект за енергетска ефикасност во делот на јавно осветлување во општина Радовиш, каде што се остваруваат значителни заштеди на електрична енергија.


Каков е вашиот пристап кон енергетска ефикасност и одржливост во своите операции?

Обезбедуваме оптимални решенија за подобрување на енергетската ефикасност што воедно е и стратегијата на компанијата. Искуството, знаењето и иновациите овозможуваат да понудиме приспособени деловни модели и решенија за задоволување на уникатните потреби на секој партнер. Во регионот имаме успешно реализирано голем број на проекти. Понатаму, би ги потенцирале и проектите кои допринесуваат за циркуларната економија, екологијата и декарбонизацијата во општеството преку употреба на отпадна биомаса, со што од еколошки проблем и трошок создаваме нова вредност.


Која улога ја игра иновацијата во напорите на вашата компанија за развој на нови технологии или подобрување на постоечките во енергетскиот сектор?

Постојаното воведување на иновации и следењето на трендовите ни овозможуваат долгорочно успешно работење. Постојано ги надградуваме и осовременуваме нашите платформи за софтвер и хардвер, воведуваме напредни аналитички методи и алгоритамска поддршка со кои континуирано ги подигнуваме нивоата на дигитализација и автоматизација на процесите и операциите.


Како ги надминувате геополитичките предизвици и регулаторните околности со оглед на тоа дека функционирате на различни пазари?

Не ги надминуваме, настојуваме да се усогласиме со локалната регулатива во секоја земја поединечно и се надеваме дека со приближувањето кон Европската Унија ќе се хармонизира и регулативата.


Кои стратегии ги користи Интеренерго за управување со ризиците поврзани со флуктуации на цените на енергијата и динамиката на пазарот?

Користиме стратегии кои се правопропорционални со стекнато интерно знаење на компанијата, во насока кон намалување на ризиците и зголемување на добивката, а притоа во чекор со развојот на домашниот пазар и глобалната динамика во развој на обновливите извори на енергија.


На кои начини сметате дека придонесувате за локалниот економски развој и креирање на работни места?

Инвестициите во обновливите извори на енергија играат клучна улога во локалниот економски развој и отворањето работни места. Овие проекти бараат квалификувана работна сила за развој, проектирање, изградба, инсталација, одржување, и со тоа освен креирање на работни места се генерира и трансфер на високо софистицирано знаење. Транзицијата кон обновливи извори на енергија ја намалува зависноста од скапи фосилни горива, со што се придонесува за пониски трошоци за енергија од кои бенефит имаат сите, домаќинствата, бизнисите и локалните индустрии, ослободувајќи ресурси за други инвестиции.




Компаниите за високоградба под лупата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во табелата подолу се претставени податоците за вкупниот приход и добивката пред оданочување на компаниите за високоградба, односно оние чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, како и нивните трендови во растот на овие параметри.

Финансиските резултати на компаниите за нискоградба во 2022 година

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на градежните компании за нискоградба за 2022. Преку анализата на приходите, добивките, растот на приходите и добивките, како и вработените, можеме подобро да ги разбереме перформансите на овие компании и нивната ефикасност во текот на годината.

Шпаркасе Банка: Редефинирање на банкарството со решителни иницијативи

Во денешното динамично деловно поле, каде што успехот не се мери само во финансиска смисла, туку и со социјално и влијание врз животната средина, Шпаркасе Банка АД се издвојува како светол пример за корпоративна општествена одговорност (ООП).
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт