Петок, 24 Мај 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Интервју со Телекабел, единствената домашна телекомуникациска компанија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Телекабел се издвојува по тоа што нуди оптички интернет со големи брзини и конкурентни цени, давајќи приоритет на задоволството на клиентите и постојаното подобрување на инфраструктурата за да ја задржат својата позиција како водечки телекомуникациски провајдер во Македонија.

Кои се основните услуги што ги нуди Телекабел на своите клиенти?

Телекабел е компанија која 27 години развива своја кабелска мрежа за да им понуди на корисниците квалитетен интернет, кабелска телевизија и фиксна телефонија преку кабел, а од пред 5 години Телекабел нуди и мобилна телефонија. Во овие 27 години успеавме да поставиме километарски мрежи во сите градови во кои работиме а  од пред неколку години освен што ја шириме мрежата во повеќе градови и села, правиме и замена на старата коаксијална мрежа со нова оптичка. Со тоа го следиме трендот на квалитетна услуга преку најсовремениот начин на поврзување – оптичкото влакно. 


Зоран Ристов - Управител, Телекабел ДООЕЛ

По што се издвојува вашата понуда од понудата на конкуренцијата на пазарот?

Ние нудиме оптички интернет со големи брзини а најниска цена, па така нашиот најпродаван пакет е 600 денари месечно, а за тоа корисникот добива неограничен брз и стабилен интернет со брзини 40/40 Mbps. Оптичкиот кабел го поставуваме до уредот дома или деловен објект, нема комбинација со коаксијален кабел и загуба на квалитет. Приклучокот е бесплатен, што значи дека нема никакви почетни трошоци - едноставно се јавувате, закажувате приклучок и уживате во придобивките на оптичкиот интернет. 

Што се однесува до кабелската телевизија се разликуваме по тоа што единствено кај нас на една претплата може да се приклучат 4 ТВ приемници во ист објект. Програмскиот пакет е доста разновиден и во него се содржани познати светски канали, а за љубителите на спортот ги имаме сите Арена канали, Спорт Клуб и Еуроспорт, без доплата. За минимална цена од 450 денари нашите корисници добиваат 120 канали со беспрекорен квалитет. 

Во поглед на телефонијата, нудиме фиксна телефонија со најниски цени, а со одбирањето на нашата мобилна телефонија корисникот има можност да одбере неколку пакети меѓу кои најпопуларниот 160G интернет и неограничени разговори за само 800 денари месечно. 

Освен по квалитетната услуга, нашата најголема предност е грижата за корисници. Уште кога нашите корисници потпишуваат договор, тој договор е без обврзувачки и може да се раскине кога корисникот нема да сака да ја користи нашата услуга, без притоа да плаќа дополнителни трошоци или пенали. 

Не го обврзуваме корисникот со договор, но затоа се обврзуваме сите ние вработени во ТК да дадеме квалитетна услуга во секое време - за да корисникот не не замени со конкуренцијата. За нашиот коректен однос зборува и фактот што за цела 2023 година во АЕК против Телекабел од страна на корисниците имаат пристигнато само 6 поплаки од кои 3 се завршени во корист на Телекабел. Тоа доволно зборува за нашиот квалитет, за брзата услуга и за грижата и довербата која нашите корисници ја имаат кај нас. 



Како Телекабел ја усовршува својата мрежа и инфраструктура за да им обезбедите на клиентите најдобро и најстабилно искуство?

Имаме стручен кадар кој со години е дел од тимот на Телекабел, многу од нив од почетокот на формирањето на компанијата. Истите се многу одговорни и стабилни луѓе кои компанијата ја дожививаат како своја и го даваат својот максимум за да таа оди напред. Ги следиме светските трендови и новата технологија, и многу повеќе работиме на терен од колку што сме присутни во рекламните блокови и нереални понуди. Самото тоа што веќе имаме 4 градови кои се 100% покриени со оптичка мрежа зборува за сериозноста и стручноста на нашиот тим. Се трудиме и се бориме за секој корисник, а со тоа ја движиме компанијата напред со години.

Каква е вашата стратегија за поддршка на клиентите и решавање на нивните проблеми?

Нашето мото е ,,корисникот е секогаш во право,, па од таму секој поединец во Телекабел се труди да излезе во пресрет за секој проблем на корисникот. Се случуваат проблеми кои некогаш се од технички карактер, некогаш предизвикани од трети лица, но ние даваме максимум за да тоа се реши најбрзо што може. Секој приговор, поплака или проблем го решаваме во контакт со корисникот и на задоволство на двете страни. Никогаш не гледаме еднострано или корисникот да биде оштетен, имаме разбирање за состојбата на нашите сограѓани па нашите колеги контактираат со корисниците и заедно пристапуваат и го решаваат секој проблем. Кога некогаш настане проблем кој не зависи од Телекабел, а трпат корисниците на Телекабел тоа е притисок прво кај нас вработените, па иако не е до нас ние правиме интервенции и напори да се надмине проблемот што е можно побрзо. А се тоа заради грижата и поддршката која ја имаме кон нашите корисници.


Какви алатки се користат за мерење и оценување на задоволството на клиентите и како се употребуваат понатака овие информации за подобрување на вашите услуги?

Нашата најголема реклама се задоволните корисници. Кога тие зборуваат во суперлатив за Телекабел, тоа ни носи нови корисници. Кога бројот на корисници расте, нема потреба од скапи реклами, анализи, мерења и оценувања. Телекабел е домашна компанија и сите цени, пакети и барања на корисниците ги решаваме со многу консултации и разгледување на сите аспекти од секојдневното живеење во државата. До сега ни успева да ги ускладиме потребите на корисниците со цените кои ги плаќаат за услугите што ги користат од Телекабел. Се тоа се должи исклучиво на способноста на менаџерскиот тим да направи добра проценка и да понуди реални цени и пакети. Во контекст на ова, вредно за напомена е дека цената на кабелската телевизија не е покачена од 2018 година и покрај тоа што последните години очигледни се драстичните покачувања на сите ставки од кои зависи цената на месечната претплата, посебно цените на авторските права кои се покачени три пати повеќе од колку во 2018 година.  



Дали и кои нови технологии или услуги Телекабел планира да ги воведе во идниот период? Какви се вашите планови за раст и експанзија на пазарот?

Сите услуги од телекомуникациската дејност ги имаме веќе понудено на нашите корисници. 

За во иднина наш приоритет е комплетна замена на мрежата со оптика и проширување на мрежата во уште неколку градови. Станува збор за голема инвестиција која е на товар на компанијата и од која не е засегнат крајниот корисник, освен што добива подобар квалитет. Најголем дел од новата мрежа се поставува подземно со што трошоците за поставување драстично се зголемуваат. Но, свесни сме дека со овој проект добиваме квалитетна мрежа која ќе се користи во идните години без проблеми предизвикани од надворешните влијанија, недостаток на струја или дефекти на опрема поставена по мрежа, а со тоа очекуваме трошоците за интервенции и одржување да се намалат многу. 

Пред 3 месеци Телекабел го купи операторот Инфел од Охрид со што станавме најголем оператор на територијата на град Охрид по број на корисници и големина на мрежа. Планираме спојување на двете мрежи и проширување во неколку околни села. Нашата цел е да го зголемуваме бројот на корисници, да ја задржиме квалитетната услуга и да останеме и понатаму единствен Македонски Бренд од телекомуникациските оператори. И да успееме и понатаму да бидеме пример на компанија која со сопствен труд успева да се издигне во 200те најуспешни компании на Македонија веќе 16 години по ред, без дамка во своето работење. Да бидеме пример за младите и да им дадеме повод да размислат дека можат да ја гледаат својата иднина овде и  дека со многу труд и чесна работа можеш да бидеш успешен и во Македонија.


Компаниите за високоградба под лупата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во табелата подолу се претставени податоците за вкупниот приход и добивката пред оданочување на компаниите за високоградба, односно оние чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, како и нивните трендови во растот на овие параметри.

Финансиските резултати на компаниите за нискоградба во 2022 година

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на градежните компании за нискоградба за 2022. Преку анализата на приходите, добивките, растот на приходите и добивките, како и вработените, можеме подобро да ги разбереме перформансите на овие компании и нивната ефикасност во текот на годината.

Шпаркасе Банка: Редефинирање на банкарството со решителни иницијативи

Во денешното динамично деловно поле, каде што успехот не се мери само во финансиска смисла, туку и со социјално и влијание врз животната средина, Шпаркасе Банка АД се издвојува како светол пример за корпоративна општествена одговорност (ООП).
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт