Недела, 09 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

KUEHNE+NAGEL го објави Извештајот за одржливост за 2023тата година

Главниот извршен директор на глобалната логистичка компанија Kuehne+Nagel, Штефан Пол, по повод Денот на планетата Земја ги сподели клучните поенти од најновиот Извештај за одржливост во 2023тата година.
KUEHNE+NAGEL го објави Извештајот за одржливост за 2023тата година

Влијание врз животната средина 

Според Пол, компанијата успеала, преку употреба на алтернативни горива да намали емисии на 110.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на апсорпцијата на CO2 од три ипол милиони дрва. Ова е постигнато преку набавка на 26 милиони литри Одржливо Авионско Гориво (Sustainable Aviation Fuel), како и 13.391 тон Одржливо бродско гориво (Sustainable Marine Fuel). Дополнително, уделот на хибридни и/или целосно електрични службени возила изнесува 32% (15% повеќе од 2022).


Забележителна улога има и во заштитата на океаните и морињата, поточно со секоја склучена полиса за карго-осигурување преку фирмата-ќерка NACORA, се одвојуваат средства наменети за Marine Megafauna Foundation – организација која се грижи за научни океанографски истражувања и акции за нивна заштита и обновување. 

Кога е во прашање, пак, „зелената енергија“, компанијата веќе има поставено соларни панели за производство на зелена електрична енергија во дури 86 од нивните локации, а оваа бројка значително ќе расте и во 2024тата.


Во неколку земји, Германија, Франција, САД, Кина и Обединетите Арапски Емирати, Кине и Нагел комплетно ја поднови флотата со нови електрични камиони за преземање и достава на збирните пратки, а голем дел од вработените се поттикнати да користат еколошки начин за транспорт до работното место и назад.

Значителни резултати се покажани во намалувањето на потрошувачката на електрична енергија и на вода – околу 10%,  додека за 14% е намалена количината на отпад, од кој дури 65% е комплетно рециклиран. Ова покажува дека постои висока еколошка свест кај вработените во Кине и Нагел низ целиот свет, на што компанијата одговара со обезбедување одлични услови за работа.

Дополнително, дури 6,5 милиони квадратни метри од магацинскиот простор управуван од Kuehne+Nagel на глобално ниво, е осветлен со ЛЕД светилки што дополнително придонесува за заштеда на енергија и зачувување на животната средина.

Дури 53 национални канцеларии на Кине и Нагел се прогласени за „Прекрасно место за работа“ од независната иницијатива Great Place To Work, која лани спроведе истражувања врз 20 милиони вработени во 18.000 компании распоредени во 179 држави... една од канцелариите која се закити со ова престижно признание е секако и канцеларијата на Кине и Нагел Скопје.


Еднаквост, мултикултурализам и инклузија

Во Kuehne+Nagel моментално работат вработени од над 100 нации во светот. Компанијата, исто така, на глобално ниво им овозможува на жените сé повеќе простор во менаџерските структури, па така веќе оваа година 24% од сениор-менаџментот и 10% од топ-менаџментот се дами, а вкупниот процент на вработени жени изнесува 40%. Континуирано се зголемува и процентот на вработени и ангажирани лица со попреченост на кои им се даваат полесни задачи во ланецот на набавки...

Како една од водечките глобални логистички компании, ја препознаваме и ја прифаќаме одговорноста кон нашите клиенти, кон вработените, како и кон поширокото општество и кон животната околина... Затоа, нашата Визија 2030 е да станеме најдоверливиот логистички партнер кој на клиентите ќе им биде поддршка во одржливиот раст на нивниот бизнис...


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт