Вторник, 22 Октомври 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кои беа 10те најголеми работодавци во 2022 година

Ги претставуваме 10те најголеми работодавци од 200те најголеми и 200те најуспешни компании кои во 2022 година се истакнаа според просечниот број на вработени.

Се чини дека оваа година помеѓу 10те компании кои вработуваат најмногу луѓе се еднакво застапени домашните и странските директни инвестиции. Како што можеме да видиме од табеларниот приказ подолу низ текстот, првата компанија со најголем број на вработени е странската Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕл, која минатата година имала просечен број на вработени од дури 6270 лица.

После неа следи ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг, која е исто така една од странските директни инвестиции, со број на вработени од 6213 лица. Трета на листата, а прва домашна компанија која се вбројува како една од најголемите работодавци е АД ЕСМ, Скопје каде што во 2022 година работеле 4258 лица. ЕСМ воедно е и најуспешната компанија помеѓу 10те најголеми работодавци, рангирана на 4то место според добивката пред оданочување во 2022 година.

Повторно се враќаме на странските компании, односно Амфенол Технолоџи од Кочани е 4та на листата со 2535 вработени. Приближен број на вработени имала и следната компанија Гентерм Северна Македонија со 2322 лица. 

Понатаму следи Алкалоид АД со 1965 вработени, Јавното Претпријатие Национални Шуми со 1921 вработени, а 8то место на листата го зазема Макпетрол АД со 1914 вработени која исто така е и најголемата компанија во анализава, со ранг на 4то место според вкупниот приход во 2022 година. 

На листата се најде и Никоб ДОО од Скопје која се занимава со услуги за заштита со помош на сигурносни системи и која вработува 1827 лица. 

За крај, последната компанија е Адиент Сеатинг од Штип со 1676 вработени чија дејност е производство на текстилни производи за моторни возила. 


Заслужено на врвот! Кои компании се најдоа на листата на 200 Најдобри и Најуспешни Компании за 2023 година?

Во 21-вата едиција на "200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ" компании во Македонија за 2023 година, се истакнуваат најдобрите деловни субјекти кои покажаа издржливост и иновации во услови на економски предизвици. Оваа публикација служи како инспирација за другите компании и им помага да ги разберат трендовите и можностите во локалниот економски пејзаж.

Телекабел: Анализа на растот и предизвиците за профитабилност

Телекабел ДООЕЛ, водечки домашен телекомуникациски оператор, покажува отпорност и прилагодливост на конкурентниот пазар. Оваа анализа го истражува нивното финансиско работење од 2018 до 2022 година.

Шпаркасе Банка: Овозможување финансиски раст преку сеопфатни услуги

Како лидер во банкарскиот сектор во Македонија, Шпаркасе Банка е посветена на понудата на иновативни финансиски решенија кои ги задоволуваат различните потреби на индивидуалците и бизнисите.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт