Петок, 19 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кои се 200те најголеми и најуспешни компании во Македонија за 2021 година

Почитувани читатели, со голема чест и задоволство ви го претставуваме најновото 19-то издание на престижната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании за изминатата 2021 година.

Едицијата е составена од неколку тематски одвоени сегменти врз основна на официјални финаниски податоци, односно поделба на 200 најголеми компании рангирани според нивниот остварен вкупен приход и 200 најуспешни компании рангирани според нивната добивка пред оданочување, како и податок за нивниот просечен број на вработени. Едицијата исто така содржи и рангирање на најголеми и најуспешни банки и осигурителни компании во Р. С. Македонија, рангирани соодветно според нивниот капитал и резерви и добивката пред оданочување, односно бруто полисираната премија и добивката пред оданочување. 


Дополнителна анализа е направена и на фирмите по дејности, нивната територијална застапеност, листа со најбрзорастечки компании и најголеми работодавци за 2021 година. 

Веќе повеќе од 15 години правиме споредба и со земјите од регионот. Достапни во едицијата и оваа година се и 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Словенија и 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Хрватска за 2021 година. 

Како што ни е добро познато, во 2021 година продолжи големото закрепнување од економската криза која што започна уште во 2020 година и на која што повеќето сектори не останаа имуни.
Непoсредно пред почетокот на грејната сезона почна и енергетската криза, најмногу со покачување на цената на електричната енергија, но и на сите видови горива, а особено на природниот гас.
Растот на цената на енергијата на светските берзи, вклучително и на други примарни производи, ги подгреа вкупните ценовни притисоци кои преку меѓународните пазари се прелеаја во националните економии. Сега, тие притисоци, како резултат на кулминацијата на руско-украинската криза, стануваат сè посилни.

И покрај сите овие предизвици во изминатата година, компаниите во Р. С. Македонија успеаја да забележат успешна година и да ги зголемат своите приходи и добивки.

Компаниите кои се наоѓаат на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во 2021 година остварија вкупен приход од 870,1 милијарди денари. Со тоа забележуваат пораст од 17.9% во споредба со 2020 година.

Истите оствариле вкупна добивка пред оданочување од 64,8 милијарди денари.
Растот на добивката кај најуспешните во споредба со 2020 година изнесува 11.8%.

Вкупниот просечен број на вработени од 200те најголеми и најуспешни компании за изминатата година изнесувал 97,397.

Деветнаесетото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како и до сега, ќе имате можност да го нарачате на англиски и македонски јазик, како и во дигитална форма.

Вашата нарачка можете да ја направите на

  • info@eurobc.mk или на
  • 02/3103-380

Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт