Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Компании со најголем успех во 2022 наспроти 2018 година

Уште една интересна анализа која може да се најде во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е за најбрзорастечките компании во последните 5 години.

Тука ги гледаме компаниите кои оствариле најголем раст на добивката пред оданочување во 2022 спрема 2018 година. 

Во овој текст ги споделуваме 50те компании кои оствариле најголем пораст на добивката, а се дел од листата на 200 најуспешни компании. 

Прва на листата е Еко Лајф ДООЕЛ од Скопје со пораст на добивката од дури 58.386,56%.Оваа компанија во 2022 година се рангираше како 181ва на листата на најуспешни, а се занимава со производство на пелети од дрво како една од поновите опции за огрев. Потоа следи добро познатата Макстил АД, исто така од Скопје со 18.297,88% пораст. Макстил е 12та најуспешна компанија во 2022 година, а работи во дејноста на црната металургија.  Трета на листата и 168ма најуспешна компанија е Супериор Диспеч Сервис ДООЕЛ од Штип со пораст од 16.620,06%. Главна дејност на компанијата се диспечерски услуги. Веднаш после неа е РКМ ДОО од Скопје чија дејност е трговија на големо со горива. Оваа компанија има 12.296,19% зголемена добивка и ранг на 37мото место. Додека 5тата позиција на оваа листа ја зазема градежната компанија Ако Градба од Гостивар со 9.608,38% поголема добивка, а на листата на најуспешни се најде на 53томесто.

Целосната листа ја прикажуваме во табелата во прилог, а сите податоци за компаниите и повеќе информации за нив, може да погледнете тука.



Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт