Петок, 14 Јуни 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Лидерот во трговија на големо со компјутери и компјутерска опрема - Инграм Микро

Се работи за релативно млада компанија која на пазарот во Македонија е само 8 години, но e дел од глобалната инфраструктура на Инграм Микро која е со седиште во САД и работи во 61 земја.

Сепак успехот на Инграм Микро во Македонија е значителен и за брзо таа успева да стане дел од најголемите компании и да се рангира на листата на 200те најголеми според вкупен приход. 

Првата година во која Инграм Микро влегува на листата е 2021ва како 164ти најголем субјект со вкупно остварен приход од 1,4 милијарди денари, додека добивката пред оданочување изнесуваше 30,6 милиони денари. 

Со 25,26% зголемување на приходите, односно 1,8 милијарди денари остварени како приход, Инграм Микро и во 2022 година го задржа своето рангирање на листата како 164та компанија. 


Главната дејност на компанијата е трговија на големо со компјутери, компјутерска периферна опрема и софтвер, а во рамките на 200те најголеми и најуспешни, Инграм Микро има неколку конкуренти кои се дел од листите. Меѓу нив се најдоа Ассеко СЕЕ, Паком Компани и Инфософт. Сепак, најголем успех има остварено Инграм Микро и останува како најголема компанија во рамки на дејноста. По неа е Паком Компани која е рангирана како 197ма на листата на најголеми и има остварено 15,6% пониски приходи, додека Ассеко СЕЕ и Инфософт се дел од листите на најуспешни компании, но нивните приходи се исто така значително пониски од приходот на Инграм Микро. Лидерската позиција во оваа дејност и припадна на Инграм Микро и во 2021 година. 


Повеќе податоци за компаниите може да најдете на нивните профили, а целосните листи се достапни тука


Стратегии за успех од искуството на Актива

Ефективното управување со проекти е критично во градежната и производствената индустрија, временските рокови, буџетите и квалитетот се постојано во прашање.

Адора Инженеринг - лидер во градежништво и еколошката свесност во земјата и регионот

Адора Инженеринг е една од најпознатите македонски градежни компании која од пред неколку години своите активности ги прошири и во некои од соседните држави.

Најголемите дистрибутери на храна и пијалаци во 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како најсеопфатна едиција која ги содржи податоците за најдобрите компании на пазарот, може да понуди широка палета на анализи од податоците со кои располага. Овој пат ги опфативме компаниите за дистрибуција на храна и пијалаци кои се најдоа на листите во 2022 година.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт