Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Македонскиот гигант ИГМ Трејд со над 300.000 тони годишно производство

ИГМ Трејд своите основи ги постави во 1994 година, пред точно 30 години и оттогаш се развива и прераснува во еден од најголемите производители на заварени цевки и профили од Челик, на територијата на Европа.

Денес веќе компанијата брои над 520 вработени, а своите активности ги врши во сопствени простории лоцирани во Кавадарци, на вкупна површина од 500.000м2 и покриен простор од 280.000м2.  Во производните погони има 15 производни линии кои имаат годишен капацитет од дури 300.000 тони, а дополнително ИГМ постојано инвестира во нови технологии како би го задржале лидерскиот статус кој го постигна со напорна работа низ годините. 


ИГМ Трејд е исто така извозно ориентирана компанија, што значи дека најголем дел од производството, дури 95%, се пласираат на странските пазари. Засега, главните пазари на кои извезува ИГМ се пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

Освен главниот бизнис, компанијата се занимава и со преработка на челични котури во табли и траки. Производството на ИГМ опфаќа разни димензии и квалитети:

Квадратни заварени профили од 13x13 до 260x260 mm, со дебелина до 10,0 mm

Правоаголни заварени профили од 20x10 до 300x200, со дебелина до 10,0 mm

Тркалезни конструктивни цевки од ɸ 17,2- ɸ 323,9 (3/8”- 12”) со дебелина до 8,0 mm

Цевки тестирани под притисок

Овални и полу-овални цевки

Специјални профили на пресек - ZP профили

Оценки на челик: S235JR, S275JR, S355JR


А, пред осум години ИГМ Трејд инвестираше во проширување на своето работење надвор од Македонија, со купување на поранешната фабрика за заварени цевки и профили АЛПОС од Словенија. Нејзина главна дејност е производство на челични производи од типот на цевки, шупливи профили и табли од лим. Индустрискиот комплекс на АЛПОС е сместен на површина од 54.500м2 и има годишен капацитет од 100.000 тони. 

Повеќе за компанијата може да прочитате на нивниот линк на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.


Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт