Петок, 24 Мај 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Македонско-италијанската компанија Ери Цорпоратион дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Ери Цорпоратион ДООЕЛ е компанија која во Македонија постои од 2015 година, а нејзина главна дејност е производство на модерни рекуперативни и регенеративни топлотни изменувачи наменети за вентилациони системи во резиденцијални и индустриски објекти.

Компанијата е дел од европската групација Eri Corporation S.r.l со седиште во Италија, а која има свои канцеларии во Германија, Шпанија, Англија и Италија. 

Се работи за компанија која важи како еден од најголемите производители во својата дејност, чии производи се произведени и по највисоки меѓународни стандарди за квалитет. 


Помеѓу 200те најголеми и најуспешни компании за прв пат се појави во 2019 година кога влезе на листата на најуспешни рангирана на 80тото место со остварена добивка пред оданочување од 166,2 милиони денари. Тука има значително зголемување од 244,05% во однос на 2018 година.


Следи година со намалување на добивката, меѓутоа рангот на компанијата е подобар во однос на претходната и таа се најде на 71вото место. Во 2021ва година исто така е забележлив пад на добивката и компанијата е рангирана како 117та најуспешна во рамките на овие листи, но веќе во 2022ра има значително подобрување и пораст на добивката о д 76,42% и се рангира како 68ма најуспешна со остварена добивка пред оданочување од 222,2 милиони денари. 


Од друга страна пак, приходот на компанијата бележи видлив раст и во 2022ра изнесувал 1,3 милијарди денари. Што се однесува до бројот на вработени, пак, компанијата имала 238 вработени лица во текот на годината. Повеќе податоци за нив може да најдете тука. 


Компаниите за високоградба под лупата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во табелата подолу се претставени податоците за вкупниот приход и добивката пред оданочување на компаниите за високоградба, односно оние чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, како и нивните трендови во растот на овие параметри.

Финансиските резултати на компаниите за нискоградба во 2022 година

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на градежните компании за нискоградба за 2022. Преку анализата на приходите, добивките, растот на приходите и добивките, како и вработените, можеме подобро да ги разбереме перформансите на овие компании и нивната ефикасност во текот на годината.

Шпаркасе Банка: Редефинирање на банкарството со решителни иницијативи

Во денешното динамично деловно поле, каде што успехот не се мери само во финансиска смисла, туку и со социјално и влијание врз животната средина, Шпаркасе Банка АД се издвојува како светол пример за корпоративна општествена одговорност (ООП).
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт