Петок, 29 Март 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ КОМПАНИИ ВО 2021 ГОДИНА

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© е книга која во својата содржина има многу дополнителни анализи и податоци за економијата и компаниите.

Една од нив е анализата за најбрзо растечките компании изработена за една и пет години, во однос на добивката од 2021 година, а ги опфаќа компаниите кои се дел од ранг листите во едицијата. 

Значаен и лесно воочлив успех минатата година им донесе на компаниите за кредитно посредување, што може да се забележи во табелата подолу. Најголем успех во однос на добивката пред одданочување од минатата година има остварено компанијата Флекс Кредит ДОО од Скопје, чија основна дејност и цел е кредитирање на потрошувачи, согласно нивните потреби. Оваа компанијата во 2021 година својата добивка ја има зголемено за дури 157.317,83% споредбено со 2020 година. 

Втора најбрзо растечка компанија е Камчев Консалтинг ДООЕЛ, Скопје со зголемување од 19.402,51%, следена од Орка Фајнанс ДООЕЛ, Скопје со 17.461,96 проценти зголемување. Следи компанијата Силекс Неметали СТ ДООЕЛ од Кратово со 5.992,83% и Интертрејд Компани ДООЕЛ од Јегуновце со 5.377,57 %. 

За позитивниот тренд на целокупната економија говори и фактот дека меѓу најбрзо растечките компании се вбројуваат компании од разни дејности, а истото важи и за територијалниот аспект.

Повеќе вакви анализи и други податоци може да видите ТУКА





А1 Македонија прв оператор со светска стриминг услуга

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар кој нуди Netflix, водечката светска стриминг услуга

Финансиските резултати на банките во периодот од 2018 до 2022 година

Банкарскиот сектор во Македонија во глобала е непроменет во изминатите пет години. Единствените промени кои настанаа во поглед на банките кои делуваат на пазарот е припојувањето на Охридска банка кон Шпаркасе банка во 2020 година, како и прекин на делувањето на Еуростандард банка која неколку години беше во стечај.

Алкалоид пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт