Вторник, 16 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ОД ДЕЈНОСТА НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ

Во продолжение ви ги претставуваме најуспешните компании од дејноста на телекомуникациите за 2021 година.

Една од анализите во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© вклучува раниграње на компаниите според нивните дејности. Компаниите се поделени во главни категории и подкатегории на дејности, согласно Националната класификација на дејности.

На листата на најуспешни фирми од подкатегоријата на телекомуникации се најдоа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ и РОБИ ДООЕЛ Штип. 


*суми во денари


Македонски Телеком АД Скопје (скратливо АД Македонски телекомуникации) е најголемо трговско друштво за телекомуникации во Македонија, со седиште во Скопје. Неизбежно е високото рангирање на компанијата во 200те најголеми и најуспешни компании. Друштвото, основано на 1 јануари 1997 година, претставува дел од Групацијата „Маѓар Телеком“ која е целосно консолидирана подружница на меѓународната групација „Дојче Телеком“ (Deutsche Telekom Group). За 2021 се најдоа на 10то место на најголеми и на 4то место на најуспешни компании во Македонија.

Македонски Телеком, заедно со останатите европски подружници на Дојче Телеком, е вклучен во еко иницијатива за намалување на електронскиот отпад и инвестирање во обновата на природниот хабитус во Европа! Со заеднички сили и учество во глобалната иницијатива #GreenMagenta, нивната цел е да соберат еден милион стари електронски уреди до 2024.


А1 МАКЕДОНИЈА е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.

За 2021 година А1 забележува зголемување на нивниот вкупен приход, а исто така и на нивната вкупна добивка пред оданочување. Имено, порастот на приходот во однос на 2020 година изнесува 9.32%, додека порастот на добивката пред оданочување изнесува значителни 16.07%.

Во 2022 година А1 започна со изградба на својата 5G мрежа, која овозможува достигнување на брзини од 1Gbps за пренос на податоци преку мобилен телефон. А1 интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје.


РОБИ ДООЕЛ
Третиот најуспешен телекомуникациски оператор во 2021 година е ТРД Роби ДООЕЛ, односно Телекабел, кој во 2021 година успеа да ги зголеми својот приход и добивката пред оданочување, а не заостана ни со бројот на вработени кој достигна 250 вработени. 

Всушност, РОБИ ДООЕЛ, забележа зголемување на вкупниот приход од 5.65% и раст на вкупната добивка пред оданочување од 13.87%. Исто така ова претставува 15та година по ред како Телекабел е на листата на  200-те најуспешни компании во Македонија.

Од 2018 година интензивно се поставува оптичка мрежа во градовите каде работи Телекабел при што корисниците се приклучуваат со оптички кабел до дома. Услугите на ТЕЛЕКАБЕЛ во моментот се нудат во 17 градови во Македонија. Целосната покриеност со сопствена мрежа ги опфаќа Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Св.Николе, Скопје, Радовиш, Неготино, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Пробиштип, Делчево, Валандово и Кичево.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.

Портрет на успехот на ИГМ Трејд

ИГМ Трејд е една од водечките компании во Македонија која ги отвори вратите во 1991 година. Со повеќе од 30 години искуство, компанијата важи за лидер во својата индустрија, со стабилна траекторија на раст и успех.

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт