Четврток, 28 Март 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Над 15 години искуство во дистрибуција, продажба и големопродажба – БРЕГАЛ ДОО, ДЕЛЧЕВО

Со над 15 години искуство во дистрибуција, продажба и големопродажба, БРЕГАЛ ДОО е компанија која се фокусира на увоз на висококвалитетни производи

Со над 15 години искуство во дистрибуција, продажба и големопродажба, БРЕГАЛ ДОО е компанија која се фокусира на увоз на висококвалитетни производи од Кина, Турција и Европа до трговците во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Чешка, Словачка, Словенија и Грција. Седиштето на компанијата е во Делчево, а БРЕГАЛ ДОО соработува со многу од водечките светски компании преку различни договори, партнерства и заеднички вложувања.

Компанијата обезбедува разновиден асортиман на производи за трговијата на мало, супермаркетите, трговските центри, текстилната индустрија, и е посветена да ги задоволи зголемените потреби за различни производи кои ги побаруваат клиентите.

Соработката со супермаркети, продавници и трговски центри ја почнува во 2013 година, а веќе во 2020 година БРЕГАЛ ДОО покрива дури 60% од супермаркетите на македонскиот пазар и успешно ги снабдува со добра од не-прехрамбена природа, како што се: хемиски, козметички, хигиенски производи, играчки, школски прибор, подароци, канцелариска опрема и многу други.

БРЕГАЛ ДОО е овластен дистрибутер на јапонскиот бренд „juki“ (индустриски машини за шиење) и италијанскиот бренд „Orox“ (машини за сечење) и има најголема залиха на машини, резервни делови и репроматеријали за текстилната индустрија.

Во 2015 година, БРЕГАЛ ДОО исто така започнува со увоз на стока од Кина во Македонија со целосна логистичка поддршка и можност за поддршка во било кој аспект на увоз на стоки од Кина во Македонија. 


Финансиските резултати на банките во периодот од 2018 до 2022 година

Банкарскиот сектор во Македонија во глобала е непроменет во изминатите пет години. Единствените промени кои настанаа во поглед на банките кои делуваат на пазарот е припојувањето на Охридска банка кон Шпаркасе банка во 2020 година, како и прекин на делувањето на Еуростандард банка која неколку години беше во стечај.

Алкалоид пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

Адора Инженеринг - Само делата се вистина

Адора Инженеринг, како компанија посветена на градежништво, своите почетоци ги влече од 2002 година кога семејството Чифлиганец одлучи да се впушти во нови бизнис можности откако 1 деценија претходно работеше во фармацијата.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт