Една од анализите во изданието е поделбата на компаниите во главни категории и подкатегории на дејности, согласно Националната класификација на дејности.
Во продолжение претставуваме една подкатегорија од класификацијата која ги опфаќа компаниите за производство на пијалаци: Пивара Скопје, Винарска визба Тиквеш и Прилепска Пиварница.

Пивара Скопје АД е најстарата македонска пиварница која постои уште од 1922 година и минатата година го прослави својот 100ти роденден. Компанијата постојано вложува средства во нови инвестиции во современа опрема и најнова технологија што придонесува за модернизација на компанијата и го помага нејзиниот одржлив развој. Исто така е една од компаниите кои се дел од 200те најголеми и најуспешни компании од самиот почеток на изданието во 2003 година.
Она што може да го заклучиме од податоците со кои располага нашето издание, Пивара Скопје бележи успешен растечки тренд низ годините, а само во 2021 година може да видиме дека има остварено зголемување на вкупниот приход од 9,60%, додека добивката пред оданочување значително се зголемува за 19, 24%. Компанијата се рангира на високото 40то место на листата на најголеми и 12то место на листата на најуспешни. Бројката на вработени во континуитет останува нешто помалку од 400 луѓе.
ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ АД е една од компаниите која што се наоѓа на листата на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија и нејзината дејност спаѓа во подкатегоријата - производство на пијалаци. Тиквеш претставува најголема винарска визба во Македонија. Вината на „Тиквеш“ растат на лозја што се облиени од сонце, обработувани со многу љубов и се прават и полнат од страна на врвни експерти во винската индустрија на светско ниво. Наградите што нивните вина ги освојуваат се крајниот доказ за нивната посветеност кон највисокиот квалитет.
За 2021 година Тиквеш забележува зголемување на нивниот вкупен приход, а исто така и на нивната добивка пред оданочување. Имено, на листата на најголеми компании се најдоа на 105 место, додека пак на листата на најуспешни фирми го забележаа 87то место. Тоа претставува раст од 9 места на листата на најголеми компании и забележителни 69 места на листата на најуспешни во спореда со минатата 2020 година. Во продолжение на тоа, гледаме пораст во нивниот вкупен приход од 27.72%; и пораст во нивната добивка пред оданочување од значителни 109%. Исто така просечниот број на вработени во Тиквеш за 2021 забележува благо покачување и тоа од 192 на 196 вработени.
ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД уште од своето постоење од 1924 година па се до денес, постојано го подобрува и унапредува квалитетот на своите производи и создава нови. Основна дејност и најпознат производ е пивото, но компанијата произведува и полни и безалкохолни пијалаци како од домашно потекло така и од светски познати брендови за кои е овластен дистрибутер.
2021 година беше мошне успешна за оваа компанија и ѝ донесе раст и зголемување на приходите и добивката. Имено, Прилепска Пиварница во 2021 година го зголемува својот приход во однос на 2020 година за 4,26%, додека добивката пред оданочување се зголемува за 5.84%. Освен ова, компанијата вработува околу 250 луѓе и со тоа придонесува кон нивото на вработеност во земјата. Со дадениве податоци, Прилепска Пиварница е рангирана на 124то место според вкупен приход и 168мо место според добивка пред оданочување.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт