Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Најголемите работодавци во периодот од 2018 до 2022 година

Уште една анализа од податоците на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во која ги претставуваме најголемите работодавци и движењето на вкупниот број на вработени кај 50те компании кои биле дел од оваа листа.

Како што може да се забележи на подолу прикажаниот график, вкупниот број на вработени кај 50те најголеми работодавци има опаѓачки тренд. Почнувајќи со речиси 68.000 вработени во 2018 година, бројот на вкупно вработени лица опаднал на 65.400 во 2022 година и покрај благото зголемување од 0,51% во 2021.

 

Како најголеми работодавци во овој анализиран период се појавуваат истите три компании од кои само една е домашна и тоа во државна сопственост.


Најголем број на вработени има во компанијата Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ од Битола, која во 2022 година имала 6270 вработени. На второ место е уште една странска директна инвестиција која е лоцирана во Кавадарци, Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ. Оваа компанија броеше 6213 вработени лица на крајот на 2022 година. Третото место во последните 5 години и припаѓа на државната АД ЕСМ во која работат 4258 лица. Подолу исто така е прикажано движењето на бројот на вработени кај овие три компании за анализираниот период, во форма на график. 


Повеќе податоци за вработеноста како и за компаниите може да најдете тука


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт