Петок, 24 Мај 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Отворен нов Тренинг центар на Инграм Микро Македонија

Уште еден тренинг центар ги отвори своите врати за сите млади лица, од страна на глобалниот лидер за технологија и логистика, Инграм Микро.

Тренинг центарот опфаќа повеќе курсеви од клучни области од технологијата, како што се Check Point, Veeam, Veritas, VMWare, Kaspersky, Radware и IBM, а кои се дизајнирани за надградување и усовршување на знаењето на посетителите кои понатака ќе го применуваат во дигиталниот свет.

Во Тренинг центарот лицата имаат целосна поддршка при изборот на соодветен курс согласно потребите на поединците, а самите обуки се спроведуваат од вработените во Инграм Микро, врвни професионалци со долгогодишно искуство во полето на работење.

 

„Од самото основање сме позиционирани како лидери за технологија и логистика, а нашиот успех се темели на постојаните иновации, врвниот кадар и желбата за постојан напредок, а тоа се докажува со нашето дејствување во над 160 земји ширум светот. Новиот Тренинг центар во Скопје е само уште еден доказ за нашиот стремеж кон постојано проширување, а мене лично особено ме радува проширувањето во земјава и регионот“, вели Филип Силјановски, генералниот менаџер на „Инграм Микро“ за Северна Македонија, Албанија и Косово.

Овој Тренинг центар е од големо значење за дигиталната и ИТ заедницата во Македонија и можност за значителен напредок на поединците на ова поле, токму поради фактот дека доаѓа од една иновативна компанија - предводник на трендови во дигиталниот свет. 


Инаку, Инграм Микро е американска компанија која во Македонија е основана во 2015 година и нуди системски решенија за бизнисите. Значителен придонес кон функционирањето на компаниите имаше во периодот на Ковид19 кога секојдневните обврски во сите индустрии беа отежнати.


Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ за прв пат се рангираше во 2021 година како 164та најголема компанија со остварен вкупен приход од 1,4 милијарди денари, додека во 2022 вкупните приходи се зголемија за 25,3% на 1.8 милијарди денари. Повеќе за компанијата и нејзините финансиски резултати може да прочитате тука


Компаниите за високоградба под лупата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во табелата подолу се претставени податоците за вкупниот приход и добивката пред оданочување на компаниите за високоградба, односно оние чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, како и нивните трендови во растот на овие параметри.

Финансиските резултати на компаниите за нискоградба во 2022 година

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на градежните компании за нискоградба за 2022. Преку анализата на приходите, добивките, растот на приходите и добивките, како и вработените, можеме подобро да ги разбереме перформансите на овие компании и нивната ефикасност во текот на годината.

Шпаркасе Банка: Редефинирање на банкарството со решителни иницијативи

Во денешното динамично деловно поле, каде што успехот не се мери само во финансиска смисла, туку и со социјално и влијание врз животната средина, Шпаркасе Банка АД се издвојува како светол пример за корпоративна општествена одговорност (ООП).
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт