Петок, 19 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ПУЦКО ПЕТРОЛ – национална компанија за големопродажба и малопродажба на нафта, нафтени продукти и горива за транспорт

Пуцко Петрол е компанија основана во 1992 година со седиште во с.Пласница, Македонија.

Пуцко Петрол ДООЕЛ е компанија која се наоѓа на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ 19 години по ред, започнувајќи од 2003 година. Исклучок преставува само 2014 година каде што не можеме да ги забележиме на листата. Компанијата е основана со седиште во с. Пласница и нејзината основна деловна активност е трговијата со големопродажба и малопродажба на нафта, нафтени продукти и горива за транспорт и веќе е докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. 


Моментално компанијата соработува со над 1500 успешни компании кои ги користат нивните производи и услуги врз основа на договори за соработка, вклучувајќи лојалност, доверливост, сигурен извор на понуда и квалитет. Значаен дел од референтната листа се државните служби, јавните комунални претпријатија и Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република С. Македонија, универзитети, средни и основни училишта, детски градинки, приватни големи, мали и средни претпријатија, дипломатски и конзуларни претставништва (Амбасада на Обединетите држави, Амбасадата на Република Турција, Амбасадата на Холандија и сл.), која во последниве години довела до уверување дека компанијата има плодна соработка врз основа на квалитетот и усогласеноста на договорот.


За 2021 година рангирани се на 72 место на НАЈГОЛЕМИ компании и 50 место на НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. Со тоа забележуваат раст од 14 места на листата на НАЈГОЛЕМИ и 10 места на листата на НАЈУСПЕШНИ во споредба со 2020 година. Последователно на тоа Пуцко Петрол ДООЕЛ забележува раст во вкупните приходи од 40.5% и во добивката пред оданочување од 39.5%, што претставува исклучителен успех во време на светска економска криза.

Нивната визија е да бидат најдобра и најголема нафтена компанија на Балканот која ќе ги задоволи сите потреби и желби на потрошувачите на економичен, безбеден и еколошки начин на транспорт.


Моментално располагаат со 11 бензиски станици на територијата на Македонија (заедно со ОКТА), а компанијата брои вкупно 183 вработени.

Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт