Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Со Државна Лотарија среќата е насекаде!

Државна Лотарија е компанија во државна сопственост која е основана по успешни европски и светски примери на државни лотарии, а кај нас е организирана во форма на акционерско друштво и постои од крајот на 2008 година.

Целта на Државна Лотарија е со своите игри да овозможи забава и можност за добивање парични и стокови награди додека за тоа плаќаат симболично учество. Она што е најинтересно е дека компанијата со својот тим постојано ја збогатува својата понуда со разни интересни игри на среќа во кои може да учествуваат сите возрасни граѓани.

 

Една од најпознатите игри кои ги нуди Државна Лотарија е популарната Лото 7 која на граѓаните може да им донесе најголема добивка во однос на другите игри на среќа. Потоа тука се игрите Џокер, Кено, Среќни топчиња. Ова се игри на среќа каде што добитниците се бираат преку извлекување на топчиња или броеви. Освен ваков тип на игри, компанијата нуди и инстант лотарија односно позната како инстант лозови. Во овој дел понудата постојано се збогатува, а се поголем е и бројот на среќни лица кои освојуваат парични награди од инстант лозовите. Познати инстант лозови се Мега милионер, Доме сладок доме, Бинго, Фрути, Остров на скриено богатство. Овие лозови во изминатите години донесоа многу добитници и им го олеснија секојдневието. 


Успехот на Државна Лотарија доаѓа несомнено од довербата која граѓаните ја имаат во нив, а која е резултат на одговорно и сигурно работење низ годините, но и од фактот дека компанијата се залага за постојана двонасочна комуникација со играчите како би ги следеле, а потоа и имплементирале нивните очекувања. 

Државна Лотарија е исто така дел и од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, а повеќе за нив може да прочитате на линкот



Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт