Понеделник, 22 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.

Минатата година во едицијата беа опфатени две винарии, најголемата и најуспешната во Македонија – Винарската Визба Тиквеш и винаријата Езимит Вино

ВВ Тиквеш воедно важи и за најстара македонска винарија која постои 139 години, а нејзините вина се светски познати. Компанијата своите активности ги прошири и во Франција, па така денес Тиквеш произведува вина не само од тиквешкиот регион туку и од специфични микролокации во Франција. Во 2022 година се рангираше на 99тото место на листата на најголеми компании според вкупниот приход што го оствари, додека на листата на најуспешни го зазема 76тото место според остварената добивка пред оданочување. Споредбено со претходната година, Тиквеш, со вкупен приход од 2,9 милијарди денари и добивка пред оданочување од 210 милиони денари, бележи пораст на приходот од 40,5% и на добивката од 26,5%.


За Езимит Вино 2022 година исто така беше успешна и компанијата втор пат се рангираше помеѓу најуспешните според остварената добивка пред оданочување. Со добивка во износ од 103 милиони, која во однос на 2021 е зголемена за дури 70,59%, Езимит Вино се рангираше како 170та компанија на листата на најуспешни компании. Вкупниот приход кој компанијата го регистрираше во текот на 2022 година изнесуваше 218,7 милиони денари. Инаку, Езимит Вино произведува вино од сопствени лозови насади од македонското поднебје, а постои веќе 30 години на пазарот.

 

Повеќе за компаниите може да прочитате на нивните профили, додека податоците се достапни на овој линк.


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт