Петок, 24 Мај 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Улогата на извозот во остварените вкупни приходи на 10те најголеми извозници

Уште една кратка анализа на 10те најголеми извозници во 2022 година. Колкав е извозот и неговото влијание врз големината на овие субјекти кои освен што се најголеми извозници исто така се и меѓу 35те најголеми компании според остварен вкупен приход.

Првата компанија, странската инвестиција Џонсон Мети ДООЕЛ која во Скопје ја отвори фабриката за производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила е очекувано најголемиот извозник со дури 99% од своите приходи остварени од продажба на странскиот пазар. Понатаму, втора на листата на најголеми извозници е ОКТА АД чија дејност е трговија на големо со горива. Тука веќе улогата на извозот е значително помала и процентуално изнесува 25,5%. Инаку ОКТА АД е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Helleniq Energy.

Во табелата може да се забележи дека најголем дел од овие компании се или странски директни инвестиции или компании чиј мнозински сопственик е странска компанија. Од тука и фактот дека најголем дел од нивните вкупни приходи се токму од продажби на странски пазар, особено кога станува збор за странските директни инвестиции. Уште една таква е Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ лоцирана во Битола чиј извоз опфаќа дури 98,4% од вкупните приходи. Следи ГЕН-И Продажба на енергија со 62,7% приходи од продажба на странски пазар. Главна дејност на ГЕН-И е трговијата со електрична енергија. 


На 5то место како најголем извозник се најде МАКСТИЛ АД, компанија за леење на челик која своите производи ги пласира на странските пазари дури во висина од 88,6%.

Единствената компанија која што е домашна, а е дел од 10те најголеми извозници е ИГМ Трејд ДОО од Кавадарци. Компанијата има остварени приходи од 9,8 милијарди денари, а од нив 85,1% или 8,3 милијарди денари се од продажба во странство. 

Целосната анализа на овие 10 компании може да ја погледнете во табелата погоре, додека податоците за 200те најголеми и најуспешни се достапни тука


Компаниите за високоградба под лупата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во табелата подолу се претставени податоците за вкупниот приход и добивката пред оданочување на компаниите за високоградба, односно оние чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, како и нивните трендови во растот на овие параметри.

Финансиските резултати на компаниите за нискоградба во 2022 година

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на градежните компании за нискоградба за 2022. Преку анализата на приходите, добивките, растот на приходите и добивките, како и вработените, можеме подобро да ги разбереме перформансите на овие компании и нивната ефикасност во текот на годината.

Шпаркасе Банка: Редефинирање на банкарството со решителни иницијативи

Во денешното динамично деловно поле, каде што успехот не се мери само во финансиска смисла, туку и со социјално и влијание врз животната средина, Шпаркасе Банка АД се издвојува како светол пример за корпоративна општествена одговорност (ООП).
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт