Петок, 14 Јуни 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА - еден од најголемите производители на автобуси во Европа

Повеќе од 70 години Ван Хоол ужива висока репутација за дизајнирање и производство на висококвалитетни и современи возила.

Ван Хоол произведува во просек  1.400 автобуси и приколки и околу 4.000 останати комерцијални возила годишно од кои 80% се извезуваат во целиот свет. Со работна сила преку 4.000 вработени во Белгија и Македонија, Ван Хоол е еден од најголемите производители на автобуси во Европа кој нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар.

Целта на Ван Хоол Македонија е производство на возила за транспорт на лица. 

Во јули 2012 година беше поставен камен-темелник кој го означи почетокот на изградбата на фабриката Ван Хоол Македонија во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик. Првиот произведен автобус ја напушти фабриката на 15 октомври 2013 година, со што Ван Хоол ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

На листите на 200 Најголеми и Најуспешни компании во Македонија се наоѓаат уште од 2013 година. За 2022 година успеаа да го забележат 33 место рангирани според вкупниот приход и 62 место рангирани според вкупната добивка пред оданочување. 


Импресевирен раст забележуваме во вкупниот приход и тоа од дури 327% во споредба со 2021 година. Добивката пред оданочување пак, забележува уште поимпресивен раст и тоа од извонредни 2842%, односно од 8.789.637 денари во 2021 зголемена на 258.631.054 денари во 2022 година. Дел од тоа секако се должи и на кризата предизвикана од корона вирусот којашто беше доста влијателна во 2021та година.

Исто така Ван Хоол постојано отвара нови работини позиции, а со тоа и помага во намалување на невработеноста во државата. Во 2022 просечниот број на вработени во компанијата изнесувал 862 лица.

Ван Хоол нуди комплетен асортиман на патнички автобуси кои ги исполнуваат специфичните барања и високите стандарди поставени од страна на нивните лојални клиенти.

Новата серија Т е препознатлива по иновациите, квалитетот и безвременскиот дизајн. Опремена е со висококвалитетни материјали и ткаенини во комбинација со иновативни функции. Ги исполнува очекувањата и на денешнината и на иднината, како од технички, така и од аспект на дизајн. 

Стратегии за успех од искуството на Актива

Ефективното управување со проекти е критично во градежната и производствената индустрија, временските рокови, буџетите и квалитетот се постојано во прашање.

Адора Инженеринг - лидер во градежништво и еколошката свесност во земјата и регионот

Адора Инженеринг е една од најпознатите македонски градежни компании која од пред неколку години своите активности ги прошири и во некои од соседните држави.

Најголемите дистрибутери на храна и пијалаци во 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како најсеопфатна едиција која ги содржи податоците за најдобрите компании на пазарот, може да понуди широка палета на анализи од податоците со кои располага. Овој пат ги опфативме компаниите за дистрибуција на храна и пијалаци кои се најдоа на листите во 2022 година.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт