Сабота, 20 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Вардар Доломит ДООЕЛ - европски производител за синтер доломит, доломитни опеки и маси

Вардар Доломит е лоцирана во Гостивар и е во сопственост на групацијата ХАЗНЕДАР РЕФРАКТОРИС.

Имајќи директен пристап и контрола на главната сировината преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот.

Преработката суровини кои се добиваат од локални рудници представува високоефикасен производен процес кој го минимизира влијанието врз околината и ја подобрува одржливоста на бизнисот. Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во песледните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина.

Високиот степен на огноотпорност, инертноста кон челикот, одличните перформанси како и ниската цена го истакнуваат доломитот како разумен избор за производителите на челик во 21от век.

Со производен капацитет од над 60.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.

Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година.
Оваа компанија цели кон градење на долготрајни партнерства како со добавувачите така и со клиентите. Нивна цел е да имаат доверливи соработници затоа што сметаат дека тоа е клучна компонента за останување стабилна и одржлива компанија.

Тие се членови и во клубот на Најуспешните компании за 2020 година. Повеќе за нивниот раст низ годините може да видите ТУКА


Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт