Среда, 21 Февруари 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Фискалната сила на Шпаркасе банка

Шпаркасе банка е дел од една од најмоќните банкарски групации во Југоисточна Европа -Steiermärkische Sparkasse лоцирана во Грац, Австрија.

Групацијата е присутна во повеќе земји од Западен Балкан и претставува значајна алка во економската поврзаност на регионалните компании со своите банкарски услуги. 

Шпаркасе во Македонија се вбројува меѓу првите 5 најголеми и најуспешни банки според официјалните податоци за капитал и резерви и добивка пред оданочување. Графичкиот приказ во текстот подолу го прикажува движењето на овие параметри во изминатите 12 години откако 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги рангира и банките во Македонија. Забележителен е растечки тренд кај капиталот и резервите исто како и кај добивката пред оданочување, па така ако ги споредиме податоците од 2022 со оние од 2011 година, заклучуваме дека банката ги има зголемено капиталот и резервите за дури 768,36%. Во однос на 2021 година овој процент изнесува 20,03%. Што се однесува до добивката пред оданочување, 2022 година Шпаркасе ја одбележи со зголемување од 63,31% споредбено со 2021 година. 


Со оглед на тоа дека Шпаркасе е 5та најголема и 4та најуспешна банка, нејзиниот удел во вкупниот банкарски сектор е многу значаен. Во однос на капиталот и резерви, според податоците за 2022 година, Шпаркасе банка учествува со 11,39% во вкупниот износ, а во однос на добивката пред оданочување која ја оствариле сите банки, учествува со 10,75%.

Повеќе податоци и информации за банката прочитајте тука, а податоците за останатите банки може да ги видите на овој линк.


Алкалоид АД го негува здравјето и ја штити животната средина

Алкалоид АД е домашна фармацевтска компанија која произведува лекови, козметички и хемиски производи.

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

Традицијата продолжува: најголемите и најуспешните винарии во Македонија во 2022

Традиционално, во чест на денот на виниото, и оваа година ги претставуваме винариите кои се пласираа меѓу 200те најголеми и најуспешни компании во 2022 година.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт