Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Универзал Комерц, најуспешната компанија во трговија со хемиски производи за 2022

Универзал Комерц, компанија специјализирана за увоз и трговија со хемиски производи, бои и лакови, на пазарот во Македонија постои од 1990 година, а исто така е дел и од 200те најуспешни компании.

За прв пат компанијата се рангира како 193та најуспешна компанија во 2003 година, односно од првата година на издавање на оваа едиција. Добивката која Универзал Комерц ја оствари во 2003 година изнесуваше 13,6 милиони денари, а во тоа време компанијата броеше 18 вработени. 

Низ годините, иновативното работење и се поголемата специјализација во оваа дејност, му донесоа многу успех на Универзал Комерц па така компанијата бележи растечки тренд на остварените приходи и добивката пред оданочување. 


Во последните неколку години  компанијата има голем пораст во поглед на добивката пред оданочување. 2020 беше одбележана со пораст од 110,11%,а добивката изнесуваше 64,4 милиони денари. Во 2021 година, добивката се зголеми на 80,2 милиони денари, односно за 24,6%.  Додека во 2022 година Универзал има остварено добивка од 123,9 милиони денари, што воедно е и највисоката добивка која можеме да ја забележиме во анализираниот период. Во проценти, порастот изнесуваше 54,5%. Оваа добивка ја рангираше компанијата на 148то место на листата на најуспешни компании, а воедно ја постави и како најуспешна компанија од оваа дејност за 2022 година. 

Бројот на вработени во Универзал Комерц во 2022 година изнесуваше 33 лица. Повеќе за нив може да прочитате на нивниот профил, додека податоците за компаниите се достапни тука


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт