Како што забележуваме од податоците, а и очекувано, најголем број на компании кои се на листите на 200 најголеми и најуспешни имаат седишта во Скопје. Така, дури 128 од најголемите компании (рангирани според вкупниот приход) се од Скопје; и 123 компании од најуспешните (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). Тоа значи дека најголемите компании од Скопје учествуваат со 64% во вкупниот број на листата на 200, а најуспешните исто така од Скопје учествуваат со 61.5% во вкупниот број.
Застапеноста на најголемите во првите 5 рангирани градови по Скопје, ја гледаме во Струмица – со 10 компании, потоа Кавадарци со 7, Прилеп исто така со 7 и Битола со 6 компании на листата на најголеми.
Кај најуспешните пак, освен Скопје како број 1 следат Битола со 13 компании, потоа Кавадарци со 7, Струмица со 6 компани и Тетово исто така со 6 компании присутни на листата на најуспешни фирми за 2021 година.
Подетален приказ, како и целосната листа, ви ја прикажуваме во продолжение.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт