Со својата богата историја, Алкалоид останува синоним на извонредност и непоколеблива посветеност, а денеска профитабилно работи не само во производство на фармацевтски производи туку и во ботаниката, козметиката и хемијата.
Најистакнатиот фармацевтски гигант кој е добро познат на нашиот пазар, има разновидна палета на производи со посветено особено внимание на нивниот квалитет и задоволството на потрошувачите.
Со значителни ивестиции во вредност од речиси 60 милиони евра, одделот за производство на фармацевтски производи може да се пофали со најсовремени капацитети за производство на цврсти дозирани форми, полусинтетски цефалоспорини, течности и полуцврсти форми.
Почнувајќи од 2018 година Алкалоид пушта во употреба неколку нови погони: за полуцврсти форми, за пакување лекови и за дозирање на течности за орална употреба, придржувајќи се до стандардите за добри производни практики (GMP), а се ова со цел да се подигне степенот на автоматизација на производството и зголемување на капацитетите.
Одделот за производство на фармацевтски производи произведува сеопфатен опсег на фармацевтски форми, вклучувајќи цврсти и течни дозирани форми за орална употреба и топикални препарати. Дополнително тука е и погонот за екстракција на опиоиди кој вклучува производство на морфин и негови деривати како фармацевтски суровини.
Вториот значаен сегмент во Алкалоид е одделот за козметика кој исто така се етаблира како лидер во индустријата. Одделот опфаќа производи за нега на секаков тип кожа, производи за нега на коса, парфеми и козметика за домаќинство.
Уште еден дел од успешната приказна на Алкалоид АД е одделот за билкарство, каде компанијата произведува спектар на чаеви под сопствениот бренд Good Nature, зачини и сушени зеленчуци под брендот Grini, додатоци на јадења – Зачинал, јодирана сол и друго.
Од 1957 година, Алкалоид креира уште еден оддел кој опстојува до ден денес, а тоа е одделот за хемија. Разновидното портфолио на производи на одделот за хемија вклучува чисти хемикалии, реагенси од органско и неорганско потекло, медицински помагала, средства за чистење и средства за дезинфекција.
Алкалоид АД го продолжува патот на успехот, продолжува да се развива и проширува со својата разновидна палета на производи и посветеноста на квалитетот кои ја позиционираат како водечки играч на регионалните и меѓународните пазари на кои е присутна. Повеќе за позитивните резутати на компанијата ќе најдете тука.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт