Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ-ТРЕЈД најуспешната македонска компанија за 2021

ИГМ-ТРЕЈД се наоѓа на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од почетоците на едицијата поточно уште од 2003та година.

ИГМ-Трејд е извозно ориентирана компанија со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА. Нивниот високо мотивиран и искусен тим за продажба е обучен да работи тесно со нивниот производствен оддел за да обезбеди брзо производство, брза испорака и висок степен на задоволство на клиентите. Работат напорно за да ги задоволат строгите барања за квалитет на нивните клиенти.

Нивната секундарна активност вклучува преработка на челични намотки во лимови и ленти со планови за понатамошно развивање на способностите на нивниот внатрешен сервисен центар.

Производството се одвива според светски признатите стандарди за производство и квалитет ISO 9001:2008.


За 2021 година ИГМ успеа да го забележи 11 место на листата на НАЈГОЛЕМИ компании, рангирани според вкупен остварен приход и 2 место на листата на НАЈУСПЕШНИ компании, рангирани според вкупната остварена добивка пред оданочување. Бидејќи се работи за компанија со 100% домашен капитал, ИГМ-ТРЕЈД е всушност најуспешната македонска компанија за 2021 година.

Соодветно на тоа можеме да забележиме дека ИГМ-ТРЕЈД има и значително зголемување како на приходот така и на добивката пред оданочување. Всушност, во споредба со 2020 година забележале раст во вкупниот приход од 68.05% и раст во вкупната добивка пред оданочување од значителни 246.45%.

На крајот на 2015 година ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија со купување на поранешна АЛПОС, фабрика за заварени челични цевки и профили лоцирана во Шентјур, Словенија. Оваа инвестиција нуди многу технолошки, логистички и маркетиншки придобивки и ѝ овозможува на компанијата да го зголеми своето присуство на пазарите на ЕУ и подобро да ја опслужува својата база на клиенти во Западна Европа. Производството започна во 2017 година со капацитет од 100.000 тони годишно.

Во декември 2022, беше објавено дека газадата на ИГМ-ТРЕЈД Илија Гечев стана и прв милијардер во Македонија. Имено српскиот Неделник објави листа со најбогатите 100 на Балканот, на која има дури 18 милијардери, а еден од нив е и сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци, Илија Гечев. Со богатство во вредност од една милијарда и 54 милиони евра, Гечев е на 18-то место на листата на најбогатите луѓе на Балканот.



Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт