Компанијата е официјален застапник на брендовите на градежни машини LiuGong и Dressta, на брендовите на TBR и OTR гуми Triangle и Hankook и на брендот за градежна и индустриска опрема Atlas Copco, а исто така е и сопственик на ланецот на салони за гуми Stop&Go. Најново во палетата на Технокомерц е тоа што во 2020 година го носи Renault Trucks во Македонија и станува официјален дилер и сервисер на Renault Trucks во државата, со свој продажно-сервисен центар во Скопје.
Основана е во 1972 година и оттогаш напорно работи на проширување на компанијата и збогатување на палетата на производи и услуги кои ги нуди на пазарот.
Јубилејот од 50 години постоење, Технокомерц го одбележа со одлични резултати и рангирање помеѓу 200те најуспешни компании во Македонија според добивката пред оданочување за претходната 2021 година која изнесуваше 116.777.665 милиони денари. Растот на добивката од 1770.5% ја донесе компанијата на високото 127 место на листата на најуспешни. Вкупниот приход кој го оствари оваа компанија во 2021 година изнесува 813.517.293 милиони денари, а бројот на вработени на крајот на декември 2021 беше 61 вработен.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт